Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бектеши: Увозниците на мазут да побараат второ мислење, ако не веруваат на домашни анализи

0
By Sashko on June 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 7, 2021 17:42

Компаниите во земјава кои увезуваат мазут, што бил предмет на контрола и анализа од институциите, да побараат второ мислење кај независна лабораторија, доколку се сомневаат во наодите од подвижната државна лабораторија, порача министерот за економија, Крешник Бектеши. Истовремено, за утре, а најдоцна до среда, тој најави дека ќе објави имиња на компании во чиј мазут се утврдени неправилности при увозот. Притоа, како што дополни, ќе ги сподели и наодите од анализите што ги прават надлежните институции.

– Секоја компанија која изразува недоверба во резултатите од анализите на државната подвижна лабораторија, може да се обрати за второ мислење кај независна лабораторија, рече Бектеши.

Првиот човек на Економија уверува дека процесот е транспарентен и неселективен, пришто контролите се вршат кај увозот на нафтени деривати и во рамки на внатрешниот пазар за период од три години. Според него, направени се контроли и кај дел од складиштата на компаниите што се занимаваат со продажба на мазут.

Бектеши потенцира дека компаниите што не ги исполнуваат критериумите во Правилникот, може да останат без лиценца за работа или, пак, да добијат прекршочна казна за што е надлежна Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Што се однесува на петте вратени цистерни од Царина, министерот за економија повтори дека во тој случај е утврдено поголемо присуство на вода и на прашина од дозволеното.

– Ако во Правилникот и согласно македонскиот стандард е предвидено еден процент, одредени цистерни имале над четири проценти вода. Но, проблем не е само водата, туку имало надминување и на параметрите во однос на пепелот. И во внатрешниот пазар се направени контроли кај дел од складиштата кои се занинаваат со продажба на мазут. И таму се надминати некои од параметрите, рече Бектеши.

Бектеши смета дека Министерството за економија нема одговорност во аферата со квалитетот на мазутот, бидејќи ресорот е одговорен само за подзаконските акти, но не и во делот на спроведување и вршење контрола.

– Она што можам да го кажам е дека Правилникот, во делот на квалитет на течните горива, е целосно усогласен со барањата на Европската енергетска заедница. Во делот на спроведување и вршење контрола не е надлежно Министерството за економија. Има други надлежни институции кои директно одговараат пред Владата, но ние како одговорно Министерство секојдневно вршиме состаноци со цел да дојдеме до наоди каде имало пропусти. Сите информации кои ќе доставиме до надлежните институции. Министерството за економија не е јавно обвинителство, наведе Бектеши.

анализи Второ мислење доверба економија компании Крешник Бектеши мазут Македонија Министерство увоз
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 2, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

ВЕСТИ July 2, 2026

Црна Гора стана единствената земја кандидат за членство која е опфатена во следниот седумгодишен финансиски…

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

July 1, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026
ТИКЕР

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.