Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разбранувани страсти: Твит на Заев со „македонската фудбалска репрезентација“ ја налути Атина

0
By Sashko on June 23, 2021 ВЕСТИ
Фото: facebook
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 23, 2021 12:30

Твитот на македонскиот премиер Зоран Заев кој гласи „денеска од стадионот во Амстердам давам силна поддршка на македонската фудбалска репрезентација“ ги разбранува страстите во Грција и ја налути официјална Атина, па според весникот „Катимерини“ тоа било причина плус за одложување на ратификација на три меморандуми во грчкиот парламент.

Обраќањето на Заев на Твитер беше во понеделникот попладне за време на натпреварот меѓу Холандија и Македонија во последното коло од групната фаза на Европското фудбалско првенство. Македонскиот премиер беше во ВИП ложата на „Јохан Кројф“ арена на покана од неговиот холандски колега Марк Руте со кого заедно го проследија мечот.

Весникот „Катимерини“ во ударниот текст на насловната страница пишува дека Атина го повикала „премиерот на Северна Македонија целосно да го спроведе Договорот од Преспа за името на земјата во сите контексти, вклучително и меѓународните спортски настани“. Притоа е цитирана и портпаролката на Владата во Атина, Аристотелија Пелони која рече „бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух и го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање како што е фудбалот. Во секој случај, добрата намера за спроведување на договорот е еден од критериумите за пристапување на земјата во Европската унија“.

Ратификацијата на трите меморандуми за соработка е наводно одложена за, како што стои во текстот на „Катимерини, „Заев да разбере дека има некои обврски што не може да ги игнорира“. Еден од нив се однесува на забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ, вториот е за формирање на координативен комитет за економска соработка и третиот за техничката спогодба за надгледување на воздушниот простор на земјава.

Грција ЕП 2020 Македонија Меморандуми ратификација репрезентација твит фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
shortcut
ФОКУС
August 4, 2026

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

ВЕСТИ August 4, 2026

Украина отвори ново поглавје во развојот на модерното војување со спроведување на првата позната борбена…

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026
ТИКЕР

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.