Во политичките партии почна изборот на кандидати за градоначалници и советници коишто ќе се тркаат на локалните избори во октомври годинава. Во Социјалдемократскиот сојуз јавниот повик е отворен до 30 јуни, па веќе почнале да се одржуваат состаноци во општинските организации на кои паѓаат предлози кои личности да бидат кандидирани за претстојните локални избори. А на повикот може да се јават и оние коишто не се членови на оваа партија. Засега од партиите не откриваат колку од актуелните градоначалници со својот „минат труд“ заслужија пак да бидат ставени на изборните листи за градоначалници, а колку од номинираните ќе бидат сосема нови личности.
НоваТВ дознава дека членови на СДСМ од општината Аеродром вчера се изјаснувале за новите кандидати за градоначалници, па се очекува наскоро да биде соопштено кој ќе биде официјалниот предлог во трката за нов „татко“ на оваа општина.
Од оваа партија изјавуваат:
Од партијата ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека сè уште не почнале со активности за изборот за предлог кандидати за идни градоначалници.- Во тек се анализи, внатрепартиски процедури и анкети. Така што, во моментов, сè уште нема одлуки за никаде, ни изјавија од опозициската партија.
Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил го објави јавниот повик за самокандидирање на кандидати за градоначалници на општините и Град Скопје за претстојните локални избори што ќе биде отворен до 30 јуни.
– Отворени сме за сите кои имаат желба да се вградат во напредокот, да придонесат, да бидат дел од најдоброто. Во СДСМ како демократска, отворена и инклузивна партија има натпревар на идеи и програми, пишува Заев.
Тоа е актуелниот татко на градот, Хекуран Дука, познат уролог, за што Претседателството на дебарскиот огранок на ДУИ донесе едногласна одлука.
Максим Димитриевски, Мартин Костовски и Оливер Илиевски веќе обелоденија дека сакаат да се кандидираат за нов градоначалник на Куманово на локалните избори.
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, најави дека летово ќе ги распише локалните избори, согласно законските рокови. Редовни избори, според Изборниот законик, треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на актуелните градоначалници и советници, но не повеќе од 70 дена пред истекот на мандатот.
Според Џафери, бидејќи на половина од градоначалниците четиригодишните мандати им биле потврдени околу 18 октомври 2017 година, а на избраните во втор круг во почетокот на ноември 2017 година, значи дека на половина од градоначалниците и на безмалку сите совети на општините, мандатите им изминуваат околу 18 октомври оваа година.
Љубица Балабан