Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со над 80 отсто вакцинирани граѓани до колективен имунитет, 226 активни случаи на ковид-19

0
By Sashko on July 21, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 21, 2021 08:22

За да се постигне колективен имунитет на населението, треба да се вакцинираат над 80 отсто од граѓаните, вели министерот за здравство Венко Филипче и во тој контекст ги нагласи постојаните апели и кампањи во насока на кревање на свеста на населението за потребата од имунизација.

– Треба да се постигне колективен имунитет од 80 отсто, а ние сме далеку од тоа и затоа се нашите апели и кампањи, и преку Министерството, Владата, Канцеларијата на ЕУ, преку УНИЦЕФ со цел граѓаните да се вакцинираат. Достапна е вакцината во сите пунктови, никој од граѓаните кој ќе се пријави за вакцинација нема да биде вратен со цел да имаме нормален живот, изјави вчера Филипче.

Министерството за здравство соопшти дека на територијата на цела држава една доза вакцина досега примиле 27,5 отсто од граѓаните. Последните анализи покажуваат дека најголем процент на вакцинирани граѓани има во Кавадарци – 43,5 отсто, потоа следи Охрид со 42,9 отсто и Гевгелија со 41 отсто. Најмал процент вакцинирани граѓани има во Дебар 17,3 отсто, во Тетово 17,1 отсто, а во Кичево 15,8 отсто.

Филипче порача дека вакцините се ефикасни и безбедни и оти единствениот начин да не бидеме затворени и да се вратиме на старите навики е што поголем број на вакцинирани граѓани и само така може да се придонесе до создавање на колективен имунитет и совладување на пандемијата. Министерот информира дека се следат трендовите насекаде во регионот и додаде дека нема некоја голема разлика во опфатот со вакцинација.

– И тука се сите земји. Кај нас близу 450.000 граѓани веќе се вакцинирани, од нив 270.000 се ревакцинирни, рече Филипче.

Министерот најави дека ќе продолжат да го одржуваат системот со вакцинација како што е сега: сите пунктови за вакцинација да се отворени, граѓаните се пријавуваат без термин, никој да не се врати и нагласи дека вакцини има сосема доволно. Тој соопшти дека теренската вакцинација ќе оди по систем на ротација. Тоа значи ако некое место е поминато, кога ќе се поминат сите други места, околу тој здравствен дом ќе се повтори циклусот.

– Отворени се вакциналните пунктови за деца. Околу 1.800 деца се пријавени, а околу 500 веќе се вакцинирани. Меѓутоа сето тоа не е процент што може да нè заштити од нов бран. Граѓаните треба да се свесни дека ако не се вакцинираат има сериозно голема шанса да заболат од болест предизвикана од вирус кој многу веројатно ќе ги смести во болница и многу веројатно има голема шанса да имаат компликации. А го имаат овој механизам, инструмент да се вакцинираат и да се заштитат, нагласи Филипче.

Како што информира, од индискиот сој на вирусот во последната недела се детектирани уште пет случаи, а ги има и другите соеви.

– За сите соеви, за сите мутации на вирус, вакцината е единствен спас и мора граѓаните да се свесни дека тоа е начинот на кој ние можеме да ставиме крај, порача Филипче.

вакцинација вакцини Венко Филипче Ковид-19 Колективен имунитет Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.