Амбасадата на Куба во Париз беше нападната со молотови коктели, соопшти кубанскиот министер за надворешни работи, Бруно Родригез. Во објавата на Твитер, тој не откри повеќе детали за инцидентот, но го обвини Вашингтон за ширење на насилството.
– Како одговорна за инцидентот ја сметам Владата на САД поради нејзините континуирани кампањи против нашата земја кои го охрабруваат ваквото однесување и за нејзините повици на насилство што неказниво се упатуваат од нејзин територија, напиша тој.
Прес-службата на Министерството за надворешни работи на Куба подоцна соопшти дека нападот се случил околу полноќ, кога биле фрлени три молотови коктели, од кои два паднале во просторот на амбасадата и предизвикале пожар. Кубанските дипломати го изгаснале пожарот, а на местото на инцидентот веднаш пристигнале француските пожарникари и полицајци.
Повеќе кубански амбасади беа нападнати во последниот период во антивладините протести поради недостигот на храна и високата инфлација, до кои дојде во услови на корона-кризата. Од почетокот на демонстрациите уапсени се голем број новинари и активисти, а најмалку едно лице загина.