Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Талибанците почнаа со „чистка“: Одат од врата до врата и убиваат по список

0
By Sashko on August 20, 2021 СВЕТ
Фото: aljazeera.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 20, 2021 12:06

Член на семејство на германски новинар на „Дојче веле“ е убиен, а друг е тешко повреден во Кабул. Како што наведува „Јутарњи лист“, тоа се случило во рамки на акцијата за „чистење“ на главниот град на Авганистан и на останатите градови и провинции во кои талибанците одат „од врата до врата“ во потрага по своите досегашни политички ривали.

Новинарот, чиј член на семејство е убиен, а друг е тешко повреден, моментно се наоѓа во Германија, но тоа не ги одврати талибанците од намерата. Останатите членови на семејството успеале да побегнат во последен момент и нивната локација на престој засега е непозната.

Генералниот директор на „Дојче веле“, Петер Лимбург најостро го осуди убиството и ги повика германските власти да сторат нешто.

Убивање на блиски членови на семејство на еден од нашите уредници е незамислива трагедија и сведочи за акутната опасност во која се наоѓаат нашите вработени и нивните блиски во Авганистан. Очигледно е дека талибанците организираат потрага прогони и потраги по новинари, како во Кабул, така и во останатите провинции. Време за делување има сè помалку, истакна Лимбург.

„Дојче веле“ јавува дека талибанците досега упаднале во домови на најмалку тројца новинари на медиумот, а се верува дека Нематулах Хемет од приватната ТВ станица „Гаргаш“ е киднапиран, додека Тофан Омар, прв човек на приватната радио станица „Пактиа Гаг“, е убиен.

Талибанците се наверојатно одговорни и за убиството на преведувачот Амдадулах Хамдард, чест соработник на германскиот дневен весник „Ди Цајт“, кој беше пронајден мртов на улица во Џалалабад на 2 август. Месец дена претходно, исто така веројатно од талибанците, беше убиен и познатиот индиски фотограф и добитник на Пулицеровата награда, Даниш Сидики, чие тело беше пронајдено во Кандахар.

Кон апелот на „Дојче веле“ до властите за воспоставување на програма за итно издавање на визи за авганистанските новинари се придружија водечките германски медиуми – „Ди Цајт“, „Дер Шпигел“, „Дојчландрадио“, агенцијата ДПА, „Репортери без граници“, „Зидојче Цајтунг“, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, ТАЗ, РТЛ, Н-ТВ и Арте. Германското новинарство Здружение бара молневита акција од владата, со оглед декработниците на германските медиуми во Авганистан се изложени на напади.

Авганистан Германија Дојче Веле Кабул новинари прогон Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 30, 2026

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

ВЕСТИ June 30, 2026

Македонската репрезентативка, членка на Велосипедскиот клуб „Енерџи“ и актуелна државна шампионка во планински велосипедизам, Дуња…

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.