Соединетите Американски Држави донираа 500.000 дози на вакцината на „Фајзер“ за Косово преку иницијативата КОВАКС, соопшти државниот секретар Ентони Блинкен.
САД донираа вакцини на десетици држави, а пратката пристигнува во Косово неколку дена откако најмладата европска држава понуди да прими Авганистанци поврзани со американската мисија по падот на Кабул и освојување на власта на Талибанците во Авганистан, потсетува Хина.
Блинкен на Твитер напиша дека донацијата „претставува заедничка вредност и непоколеблива врска меѓу двата народа“.