Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шпанска Ла Лига до екипите од Примера и Сегунда: Нема повеќе дресови со реклами на обложувалници и казина

0
By Sashko on August 30, 2021 СПОРТ
Фото: g3newswire.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 30, 2021 13:15

Шпанските фудбалски екипи од денеска не смеат да рекламираат обложувалници и казина на своите дресови, а пет прволигашки екипи сè уште не успеаја да најдат заменски спонзори, иако веќе се одиграа три кола од новата сезона.

Реал Сосиедад, Алавес, Кадиз, Гранада и Мајорка влегоа во новата сезона без спонзори на своите дресови. Фудбалерите на Кадиз изминатиот викенд за последен пат истрчаа на теренот со жолти дресови на кои беше испишано името на филипинската обложувачница „Dafabet“.

Баравме правен начин, сепак, да го задржиме тоа име на нашите дресови, но, сепак, ќе мора да пронајдеме заменски спонзор. Веројатно ќе успееме во тоа, соопшти клубот од југот на Шпанија, кој годишно од „Dafabet“ инкасираше два милиони евра.

Шпанската левичарска Влада на крајот од минатата година донесе закон со кој рекламирањето на обложувалници и игри на среќа од денеска целосно се забранува на спортски настани, додека на телевизиите и радијата се ограничува само во период од 01 до 05 часот наутро.

Ла Лига, телото кое ги организира натпреварувањата во првата и втората фудбалска лига во Шпанија, објави дека 32 од вкупно 42 професионални екипи имаат спонзор поврзан со секторот на обложување и игри на среќа.

„Да се има толку голем број на фудбалери, кои рекламираат обложувалници, или, носат дресови со име на обложувалници и на тој начин ги повикуваат младите да се обложуваат не е добра порака. Тоа не е игра каква што сакаме, изјави директорот на владиното тело за регулирање на игрите на среќа во Шпанија, Микел Арана.

дресови Казина Ла Лига обложувалници реклами спорт Шпанија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.