НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Британски научници: Многу веројатен е раст на ковид случаи во училиштата

0
By Sashko on August 31, 2021 ВЕСТИ
Фото: expatica.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Научниците ѝ укажуваат на британската влада за „голема веројатност“ на големи бројки на случаи со коронавирус во училиштата во Англија до крајот на септември, пренесува „Би-Би-Си“. Тие додаваат дека „разумно“ би било владата да планира ова да се случи, се наведува во изјавата на САГЕ (Научна советодавна група за итни случаи) од 11 август.

Случаите во Шкотска достигнаа рекордно високо ниво, откако училиштата се отворија за есенскиот дел од новата учебна година. Наскоро се очекува и одлука дали на сите деца на возраст од 12 до 15 години ќе биде понудена имунизација.

Додека учиме да живееме со вирусот, мора да го постигнеме вистинскиот баланс на мерки за нашите деца да можат да продолжат со животот и образованието на најдобар можен начин, порачуваат од Одделот за обрзование и додаваат дека учениците ќе бидат подложени на тестови по враќање во училиштата и колеџите во септември за да помогнат во намалувањето на трансмисија на инфекцијата.

Експоненцијално зголемување

Од САГЕ велат дека сè уште е тешко да се утврди дали училиштата се жаришта за пренос на вирусот или едноставно се рефлексија на ширењето на вирусот во заедницата. Но, ако случаите продолжат да растат, научните сметаат дека колку повеќе ученици и наставници се заразат со ковид-19, толку повеќе ќе биде нарушена работата на училиштата и воопшто на образовниот процес.

Во Шкотска, на пример, каде што учениците се вратија на училиште кон средината на август, една третина од новите случаи се лица на возраст до 19 години.

Голема е веројатноста да се забележи експоненцијално зголемување кај возрасните групи кои посетуваат училиште, се додава во пораката од САГЕ.

Во претходна изјава, исто така, се наведе дека вакцинацијата нема да направи „речиси никаква разлика кај овие групи на население во текот на летните одмори“ и кога училиштата повторно ќе се отворат, преземените мерки за борба против ширење на вирусот ќе бидат „многу намалени“ во споредба со пролетта и летото.

За учениците и за вработените повеќе нема да се препорачува да носат маски во средните училишта во Англија, иако тие сè уште се препорачуваат во Шкотска. Според новите правила што се насочени за посета на повеќе деца на училиште, учениците кои имаат близок контакт со позитивни случаи, исто така, повеќе нема да мора да се изолираат.

Од учениците во средните училишта низ Обединетото Кралство ќе биде побарано да направат два брзи теста пред почетокот на учебната година за да се види дали го имаат вирусот за потоа двапати неделно да прават тестови во домашни услови.

Кевин Кортни, заеднички генерален секретар на Националната унија за образование, рече дека извештајот на САГЕ е укор за секретарот за образование, Гевин Вилијамсон.

Скоро ништо не е направено за спречување на можноста за голем број на случаи кои ќе доведат до големи нарушувања во образованието, бидејќи децата и персоналот треба да се изолираат затоа што се позитивни – или да останат настрана затоа што нивните симптоми на ковид се присутни подолго. На професионалците во образованието им е јасно дека сегашните безбедносни мерки за училиштата и за колеџите не се доволни за спречување на пораст на случаите што се очекуваат во септември, рече Вилијамсон.

Владата во Англија во минатата недела истакна дека ќе обезбеди околу 300.000 дисплеи за јаглерод диоксид во училиштата за претстојната учебна година, во насока на подобрување на вентилацијата во објектите и за намалување на појавата на ковид, но Кортни вели дека тие со тоа само ќе дијагностицираат проблем, но не го решаваат.

Мониторирање на ефектите

Мајк Тилдсли, професор по моделирање на заразни болести на Универзитетот во Ворвик, за „Би-Би-Си“ изјави дека повторното отворање на училиштата во септември ќе има влијание врз мешањето на моделите во другите сфери на животот.

Останува да видиме каков ефект ќе има врз случаите и приемите во болница. Ние треба да го следиме тоа во текот на септември и треба да бидеме подготвени за фактот дека приемите во болница ќе почнат да растат – не само од ковид, туку и од други респираторни вируси, како што е грипот, изјави тој.

Но, професот Тилдсли додаде дека вакцините ја ставаат земјата во многу подобра позиција од претходно, иако можеби сè уште ќе бидат потребни кампањи за имунизација.

Англија Ковид-19 научници Свет случаи тестови учебна година училишта
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.