НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Исланд е прва земја во Европа со женско мнозинство во парламентот

0
By Sashko on September 26, 2021 СВЕТ
Фото: breakinglatest.news
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исланд стана првата земја во Европа со повеќе жени од мажи во парламентот, еден ден по парламентарните избори кои ја доведоа во прашање иднината на лево-десничарската коалиција, и покрај тоа што освои јасно мнозинство. Од 63 места во законодавниот дом, 33 ќе ги заземат жени или 52 отсто, според прогнозите врз основа на денешните конечни резултати.

Ниту една друга европска земја нема повеќе од 50 проценти жени пратеници, а Шведска е најблиску со 47 отсто, според податоците од Светска банка. Пет други држави во светот моментно имаат парламенти во кои жените имаат најмалку половина од пратеничките места, според Интерпарламентарната унија: Руанда (61 отсто), Куба (53 проценти), Никарагва (51 отсто) и Мексико и Обединетите Арапски Емирати (50 проценти).

За разлика од некои други земји, Исланд нема законски квоти за застапеност на жените во Парламентот, иако некои партии бараат минимален број жени кандидати.

Имам 85 години, цел живот чекав жените да станат мнозинство… Навистина сум среќна, изјави една жителка на главниот град Рејкјавик

Скандинавската земја долго време е пионер во родовата еднаквост и правата на жените и ја предводи листата на Светскиот економски форум за најегалитарни земји во последните 12 години. Исланд, исто така, беше првата земја која избра жена претседател во 1980 година.

жени избори Исланд мнозинство парламент родова еднаквост Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.