НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгија во шок: Келнер во познато кафуле во Брисел силувал студентки, газдата не го пријавувал

0
By Sashko on October 13, 2021 СВЕТ
Фото: polisnetwork.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Повеќе девојки се огласија преку социјалната мрежа Инстаграм во последните неколку денови за да обелоденат дека келнер вработен во едно од најпосетуваните студентски кафулиња во градот ги силувал, а газдата не го санкционирал.

Сведоштвата се множат секојдневно на социјалните мрежи, повеќе девојки пишуваат дека биле дрогирани и потоа брутално силувани од келнер во кафулето “Ле Ваф“ во студентскиот дел на градот. Девојки и анонимни вработени во кафулето предупредуваат дека газдата не само што не го санкционирал осомничениот силувач, туку го преместил да работи во друго кафуле.

Дури по бројните сведочења бриселската полиција отвори истрага, но повеќе жртви во меѓувреме се огласија дека претходно поднеле пријави кои биле отфрлени од страна на полицијата. Темата стигна и до медиумите во последните два дена.

Сите девојки кои сведочат раскажуваат сличен модус операнди од келнерот – „ме најдоа гола и несвесна, не можев да одам веќе, немав сила во телото, се сеќавам само на неколку моменти од вечерта“.

Станува јасно дека едно од најпосетуваните кафулиња, “Ле Ваф“, но и “Ел Кафе“, во студентскиот кварт во Брисел повеќепати биле места каде студентки се нашле во иста ситуација. Келнерот ставал дрога во пијалоците на своите жртви, по што им нудел да ги придружи до дома. Сите девојки велат дека изгубиле меморија или свест во даден момент откако ја испиле пијалокот. НаЈверојатно станува збор за ГХБ, позната како дрога на силувањето.

Се намножија и сведоштва за расизам во истите кафулиња, на повеќе клиенти со африканско потекло им бил забранет влез. На социјалните мрежи се повикува на масовен бојкот на овие популарни места за младите.

Газдата на кафулињата досега не се огласил, не одговара на повици од новинарите, но во објава на социјалните мрежи кафулето тврди дека „многу сериозно ги сфаќа обвинувањата“. Според последните информации, вработениот е суспендиран. Јавното обвинителство во Брисел вчера соопшти дека е отворена официјална истрага.

Градоначалникот на општината каде се наоѓаат кафулињата изјави дека ги повикал сопствениците и менаџерите на кафулињата за да ги слушне нивните објаснувања и ќе информира какви мерки ќе бидат преземени, откако ќе добие повеќе детали од полицијата.

Според него, време е за „структурна работа“ со целиот угостителски сектор во неговата општина, сопствениците на дискотеките и кафулињата ќе треба да поднесат планови како ќе ја засилат безбедноста на нивните клиенти, посебно жените.

Брисел истрага Кафуле Келнер полиција Свет силување Студентки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.