НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕК: Обезбедете ваучери за најсиромашните домаќинства, дозволете доцнење за наплата на фактурите

0
By Sashko on October 13, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Комисија (ЕК) денеска презентираше неколку алатки со кои земјите-членки можат да го ублажат ценовниот шок на енергенсите за најранливите категории на граѓани. Предлозите во форма на комуникација не претставуваат структурен одговор, но ЕК ветува дека ќе ги преземе сите мерки што ги има на располагање за да се осигури дека енергетскиот пазар не се манипулира од економските чинители.

Што се однесува до конкретните мерки што земјите-членки можат да ги преземат за да го ублажат ценовниот шок без да ги нарушат ЕУ правилата на краток рок, е можноста да обезбедат ваучери за најсиромашните домаќинства, да дозволат доцнење во исплата на фактурите, да обезбедат привремени намалувања на цените или пак да дадат државна помош за компаниите, но во согласност со правилата на ЕУ за државна помош.

Еврокомесарката за енергија, Кадри Симсон изјави дека секоја земја се соочува со специфичен енергетски микс и специфична социјална слика и дека ЕК не може да наметне едно решение за сите.

На долг рок, ЕК сака да воведе структурни мерки за да не се повторуваат ценовни шокови на енергенсите како овој, рече еврокомесарката, меѓу другото преку зголемување на уделот на обновливите извори на енергија во енергетскиот микс.

Како што излегуваме од пандемијата и нашите економии заздравуваат, важно е да се заштитат најранливите потрошувачи и да се поддржат европските компании. Комисијата им помага на земјите-членки да преземат непосредни мерки за да ги намалат последиците врз домаќинствата и бизнисите оваа зима. Истовремено идентификувавме и мерки на среден рок за да обезбедиме поотпорен и пофлексибилен енергетски систем, рече Симсон.

Еврокомесарката за енергија додаде дека ситуацијата е вонредна и дека енергетскиот пазар на ЕУ е функционален, но дека за да продолжи да биде, ЕУ треба да го реализира „Зелениот пакт“ и со тоа да ја зајакне својата енергетска независност.

Амортизација ЕК Енергенси ЕУ мерки предлози Свет Ценовен шок
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.