Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тврдење на официјален Киев: Имаме 90.000 руски војници на граница

0
By Sashko on November 3, 2021 СВЕТ
Фото: themoscowtimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 3, 2021 16:12

По неодамнешните одржани маневри, Русија остави бројни единици недалеку од границата со Украина и нивниот број сега изнесува 90.000, објави денеска украинското Министерство за одбрана.

Руските вооружени сили во последниот период одржаа серија на бројни воени вежби во кои учествуваа бројни армиски родови, вклучувајќи падобранци, наведува Министерството и додава дека по обуките останале единици на 41-та армија кои се наоѓаат на 260 километри од границата.

Треба да се истакне дека Руската Федерација периодично користи пракса на префрлување и акумулирање на воените единици за одржување на тензии во регионот и политички притисок врз соседните земји, се наведува во соопштението на Министерството за одбрана на Украина, пренесува „Ројтерс“.

Пролетва, Москва го алармира Киев и западните престолнини со распоредување на повеќе од 100.000 војници долж границата со Украина, но подоцна ги повлече по бази.

Речиси 1.000 воени возила кај градот Јелња

Министерството на Украина во понеделникот ги негира медиските наводи дека Русија трупа единици на границата, велејќи дека не е забележано зголемување на силите, ниту на бројот на парчиња оружје.

Американски „Политико“ објави дека во понеделникот е направена снимка со комерцијален сателит што ги потврдува неодамнешните извештаи за повторно трупање на руски воени единици и опрема на границата со Украина.

Сателитските снимки на американската вселенска компанија „Максар Технолоџис“ покажаа околу 1.000 воени возила кај рускиот град Јелња кој се наоѓа на 250 километри северно од границата со Украина.

Кремљ ги отфли овие наводи, а денеска објави дека Русија одржува воено присуство на сопствена територија за каде и да смета дека е неопходно.

војска граница Русија Свет Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.