НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Извештај: Глобалното затоплување е закана за уништување на економиите на земјите во развој

0
By Sashko on November 8, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото: undispatch.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бруто домашниот производ (БДП) на 65-те најранливи земји во светот ќе се намали за 20 проценти во просек до 2050 година и за 64 отсто до 2100 година, доколку светот се загрее за 2,9 степени Целзиусови, се вели во извештај што е објавен денеска на климатскиот самит КОП26 во Глазгов.

Дури и ако глобалниот пораст на температурата се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, што е во согласност со најамбициозната цел на Парискиот договор, истите земји ќе претрпат удар врз БДП од 13 отсто до 2050 година и 33 проценти до крајот на векот, се вели во студијата нарачана од „Кришчн Ејд“ (Christian Aid).

Просечната температура на површината на Земјата до денеска е зголемена за 1,1 степени Целзиусови во споредба со нивоата од крајот на 19 век. Наодите на „Кришчн Ејд“ покажуваат дека на повеќе од една третина од земјите во светот им е потребна итна помош за градење на отпорност за да можат нивните економии да ги издржат горештините, сушите, поплавите и бурите, кои стануваат поинтензивни и посмртоносни поради глобалното затоплување.

Способноста на земјите од глобалниот југ да се развиваат одржливо е сериозно загрозена. Политичките избори што ги правиме сега се клучни за да се спречи натамошна штета, изјави главниот автор Марина Андриевич од Универзитетот Хумболт во Берлин.

Осум од десетте најпогодени земји се во Африка и две во Јужна Америка Сите 10 земји се соочуваат со штета врз БДП од повеќе од 70 проценти до 2100 година, при сегашната траекторија на климатската политика и 40 проценти дури и ако глобалното затоплување е ограничено на 1,5°C.

Земја која се соочува со најсериозни загуби во БДП е Судан, кој беспомошно доживеа поројни дождови и големи поплави во септември, кои погодија повеќе од 300.000 луѓе. До 2050 година, БДП на земјата ќе се намали за 32 проценти, а до 2100 година за 84 отсто, во споредба со ситуацијата во која би била доколку нема климатски промени.

Земјите опфатени со извештајот сочинуваат два клучни преговарачки блока на климатските разговори на ОН кои траат до петок: Најмалку развиените земји и Алијансата на мали островски држави. Малите островски држави се особено ранливи на бури кои се влошуваат со зголемувањето на морската вода.

Студијата не ги зема предвид мерките за адаптација кои потенцијално би можеле да намалат дел од штетите. Богатите влади досега издвојуваа само скромни суми за да им помогнат на сиромашните земји да се приспособат на климатските промени.

„Африка најмалку придонесе за климатските промени, но овој извештај покажува дека ќе се соочи со најлошите последици. Тоа е длабоко неправедно“, рече Мохамед Аду, директор на тинк-тенк за клима и енергија со седиште во Најроби, Power Shift Africa.

COP26 БДП Глазгов Економии Земји во развој климатски промени конференција Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.