НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Главни приоритети на КОП26: Ограничување на температурата и намалување на емисиите на јаглерод диоксид

0
By Sashko on November 11, 2021 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, СВЕТ
Фото: bbc.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наредните денови на Конференцијата на Обединетите Нации (ОН) за климатски промени КОП26 во Глазгов, ќе се дебатира за нацрт-договорот со која се повикуваат земјите да ги зајакнат своите национални климатски планови до крајот на 2022 година.

Во првиот нацрт од „одлуката за КОП26“ од државите се бара „да ги разгледаат и зајакнат целите за 2030 година во нивните национално утврдени придонеси, колку што е потребно за да се усогласат со температурната цел од Парискиот договор до крајот на 2022 година“.

Посиромашните, климатски чувствителни земји, побараа загревањето да се ограничи на 1,5 степени Целзиусови, бидејќи растот на температурата, наведуваат научниците, е многу блиску до катастрофа. Притисокот за поредовни ревизии на климатските планови се смета за неопходен, бидејќи актуелните ветувања на земјите до 2030 година ќе предизвикаат загревање од 2,4 степени Целзиусови.

Нацртот, објавен од ОН, исто така, ги повикува земјите да „го забрзаат постепено укинување на субвенциите за јаглен и фосилни горива“, како што бараа поддржувачите на климатските промени, а развиените земји се „поканети“ на итно зголемување на финансиските средства за поддршка на земјите во развој да одговорат на нивните потреби за прилагодување на влијанијата од климатските промени.

Со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид, Коалиција од 19 држави денеска се договорија за создавање на зелени бродски рути помеѓу пристаништата со цел да ја забрзаат декарбонизацијата на поморската индустрија.

Поморскиот транспорт, кој сочинува околу 90 отсто од светската трговија, е одговорен за речиси три проценти од емисиите на јаглерод диоксид во светот.

Меѓународната поморска агенција на Обединетите нации (ИМО) сака да ги намали вкупните емисии на штетни гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина од бродовите за 50 отсто до 2050 година, во споредба со 2008 година. Целта не е во согласност со Парискиот договор од 2015 година, па затоа секторот е под притисок да биде поамбициозен.

Потписниците на така наречената „Декларација Клајдбанк“, усвоена на Самитот за климатски промени КОП26 во Глазгов, се согласија да воспостават најмалку шест зелени коридори до 2025 година. Затоа, ќе биде неопходно да се создадат резерви на гориво што не испуштаат гасови со ефект на стаклена градина, потребна инфраструктура за декарбонизација и регулаторна рамка.

Наша цел до 2030 година е да видиме уште коридори, се наведува во Декларацијата што ја потпишаа Австралија, Белгија, Канада, Чиле, Костарика, Данска, Фиџи, Финска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Јапонија, Маршалови Острови, Мароко, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, Шведска, Обединетото Кралство и САД.

Кина и САД, на Конференцијата на ОН за климата во Глазгов, ветија дека ќе ја интензивираат соработката за ограничување на климатските промени.

Кинескиот претставник за климата, Сие Женхуа изјави дека Кина и САД, двата најголеми емитери на јаглерод, ќе ги соопштат своите намери во заедничка изјава заснована на насоките од Парискиот договор за климатски промени.

„Двете страни признаваат дека постои јаз меѓу сегашните напори и Парискиот договор. Така заедно ќе ја зајакнеме акцијата и соработката за климата, истовремено почитувајќи ги нашите индивидуални национални ситуации“, посочи Сие.

Глазгов климатски промени конференција КОП26 ОН приоритети Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.