НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев на работен ручек со Дуда: Веруваме дека ЕУ нема да дозволи нашата надеж да згасне

0
By Sashko on November 19, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, денеска беше домаќин на работен ручек во чест на претседателот на Полска, Анджеј Дуда кој е во официјална посета на Северна Македонија.

На средбата, како што информираат од владината прес-служба, Заев изразил благодарност до претседателот Дуда за охрабрувачките пораки што тој ги испраќа по однос на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ, како и за севкупната помош што Полска ја обезбеди во неколку наврати за македонското здравство, вклучително и најновата донација од 200.070 дози на вакцини од „Фајзер“.

Европа е наша ѕвезда водилка, мотиватор за нашиот развој низ децении и векови и веруваме дека ЕУ нема да дозволи нашата надеж да згасне, изјавил Заев на средбата со претседателот Дуда.

Во тој контекст, се вели во соопштението, заеднички било констатирано дека проширувањето на Европската Унија мора да продолжи, изразено преку почеток на преговорите на Северна Македонија, бидејќи со тоа ќе се потврди дека европскиот проект е жив и атрактивен, особено за земјите како Северна Македонија кои ги спроведуваат сите потребни реформи.

По Брегзит, проширувањето на Европската Унија е особено важно за да се обезбедат нов ентузијазам, нови можности, нов развој и нов економски пазар, се согласија Заев и Дуда, стои во соопштението од владината прес-служба.

На средбата, исто така, била истакната блискоста меѓу полскиот и македонскиот народ и меѓу сите граѓани на двете земји, а премиерот Заев и претседателот Дуда потенцирале дека постојат одлични услови за натамошен развој на соработката меѓу Северна Македонија и Полска, особено во сферата на економијата и туризмот.

Анджеј Дуда ЕУ Зоран Заев Македонија Надеж преговори членство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.