Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Првиот човек на СКСМ во посета на Кавадарци: Азески во „Еуроникел“, па на честито кај Јанчев

0
By Sashko on November 26, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 26, 2021 08:53

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија (СКСМ), Бранко Азески, во придружба на Извршниот директор, Антони Пешев, Даниела Михајловска Василевска, менаџер за односи со јавност и Нена Николовска, експерт во Комората, ќе реализира работна посета на Општина Кавадарци каде ќе се сретне со градоначалникот Митко Јанчев, раководствата на „Еуроникел“ и на Регионалната комора на СКСМ во Кавадарци.

Посетата, Азески ќе ја искористи да му го честита новиот мандат на градоначалникот Јанчев, долгогодишен претседател на Регионалната комора во Кавадарци, а на средбата ќе се дискутира за врвните приоритети од значење за бизнисот кој ги дефинира Комората како што се: децентрализацијата како основен предуслов за локален економски развој, гасификацијата, патната инфраструктура, урбанизацијата, дуалното образование.

За кавадаречкиот регион, во кој доминира металургијата и земјоделско-прехранбениот сектор, не помалку е важна пограничната соработка како модел на поттикнување на серија инвестициски процеси и трансфер на знаење.

„Еуроникел“ е трета на листата на топ 100 извозници во 2020 година, со реализиран извоз од 182 милиони евра и остварени приходи од 188 милиони евра, која произведува висококвалитетен никел во форма на фероникел за употреба во индустријата за производство на нерѓосувачки челик и има над 1000 вработени.

Како еден од најголемите работодавачи во државата, со преку 1.000 домашни и стотици меѓународни компании во ланецот на снабдување, има значаен придонес во извозната структура на економијата на земјата. Докажана и истакната членка на Стопанската комора на Северна Македонија.

Бранко Азески Еуроникел Кавадарци Македонија Митко Јанчев посета претседател Стопанска комора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.