Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Светот со рестрикции за патувања од ЈАР поради новиот сој на ковид-19, СЗО вели дека е избрзано

0
By Sashko on November 26, 2021 СВЕТ
Фото: respaweb.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 26, 2021 13:19

Европските и азиските земји денеска ги заострија ограничувања за патување, откако во Јужноафриканската република (ЈАР) е откриена нова варијанта на коронавирусот со најголем број мутации досега, но сè уште не е познато дали е поопасна од претходните соеви.

Велика Британија, Германија, Израел Сингапур и Јапонија се меѓу оние кои веднаш иницираа забрана за летови од ЈАР и соседните земји. ЕУ предлага да се забранат летовите од тој регион во целата Унија. Сепак СЗО, по денешната итна седница, оцени дека препораките за воведување рестрикции при патувањата се избрзани.

Велика Британија веднаш воведе забрана за директни летови од шест африкански земји. Британците и другите патници кои се враќаат од ЈАР, Боцвана, Намибија, Зимбабве и Лесото ќе мора да поминат десетдневен карантин пред да влезат во земјата. Истата забрана ја воведе и Израел.

Јужноафриканското Министерство за надворешни работи смета дека ова е преизбрзана одлука и потсети дека СЗО сè уште нема дадено никакви насоки во однос на новата варијанта. „Би-Би-Си“ ја пренесува изјавата на биологот од Универзитетот Оксфорд, Џејмс Нејсмит, кој рече дека вакцините „речиси сигурно“ ќе бидат помалку ефикасни против новата варијанта.

Германските власти денеска објавија ограничувања на летовите од Јужна Африка, поради стравувањата од новата варијанта. Според ограничувањата за патување, само германските граѓани ќе можат да се вратат дома од ЈАР. Соседите на ЈАР, исто така, веројатно ќе бидат погодени од забраната.

Европската комисија денеска соопшти дека ќе го ограничи воздушниот сообраќај од ЈАР поради страв од ширење на инфекцијата. Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен на Твитер објави дека Комисијата ќе предложи, во координација со земјите-членки, активирање на вознредни овластувања за запирање на воздушниот сообраќај од јужноафриканскиот регион поради страв од ширење на коронавирусот, варијантата Б.1.1.529.

Светската здравствена организација (СЗО) го означи сојот како „набљудувана варијанта“. Марија Ван Керхова, технички менаџер на СЗО за ковид-19, рече дека досега им се достапни помалку од 100 секвенци геноми од споменатата варијанта. Ќе бидат потребни неколку недели за да се одлучи дали Б.1.1.529 ќе стане „варијанта од интерес“ или „варијанта која предизвикува загриженост“, а за денеска се очекува да добие грчко име како што беше случај со делта варијантата.

СЗО препорачува да не се ограничуваат патувањата поради новата варијанта, соопшти денеска Организацијата по итната седница, свикана поради новиот, поопасен сој.

„СЗО им препорачува на земјите да продолжат да ги применуваат пристап темелен врз проценка на ризикот и науката во спроведување на мерките за патување“, изјави денеска во Женева Кристијан Линдмаер.

Јужна Африка Коронавирус летови Патувања рестрикции Свет СЗО сој
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.