НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Ковид-кризата е најтешката во последните 75-години

0
By Sashko on December 9, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенцијата на Обединетите нации (ОН) за деца (УНИЦЕФ) состојбата со ковид-19 ја опиша како најтешка криза во 75-годишната историја на таа организација. Во денеска објавениот извештај, УНИЦЕФ наведе дека ковид-19 го загрозил повеќедеценискиот напредок во однос на клучните прашања кои ги загрозуваат детствата на децата во светот, како што се сиромаштија, пристап до образование, неухранетост и душевна благосостојба.

Извршната директорка Хенриета Форе рече дека негативното влијание од ковид-19 продолжува да се продлабочува, зголемувајќи ја сиромаштијата, нееднаквоста и загрозувајќи ги детските права.

Како што се зголемува бројот на гладни деца, деца кои не одат на училиште, кои се малтретирани, живеат во сиромаштија и принудени на брак, така се намалува бројот на деца со пристап до здравствена заштита, вакцини, доволна храна и најосновни услови. Во годината кога требаше да напредуваме, ние назадуваме, нагласи таа.

Во извештајот се проценува дека поради пандемијата, дополнителни 100 милиони деца сега живеат во сиромаштија, што е за 10 отсто повеќе од 2019 година.

Во 2020 година, повеќе од 23 милиони деца останаа без основните вакцини – повеќе од речиси четири милиони отколку во 2019 година, што е највисока бројка во последните 11 години, се вели во извештајот.

Во време на глобална пандемија, растечки конфликти и влошување на климатските промени, пристапот дека треба да се стави детето на прво место – никогаш не бил поважен. Ние сме на крстопат. Додека работиме со владите, донаторите и другите организации за да започнеме да создаваме заеднички пат за следните 75 години, децата треба да бидат први во редот за инвестиции и последни во редот за кратења, рече Форе.

Ветувањата за нашата иднина зависат од приоритетите што ги создаваме во сегашноста, рече таа.

деца Ковид-19 криза Свет УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.