НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шолц во посета на Брисел: Приоритет е висока стапка на вакцинација во ЕУ

0
By Sashko on December 10, 2021 СВЕТ
Фото: medium.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новиот германски канцелар Олаф Шолц по Париз го посети и седиштето на Европската Унија (ЕУ) каде одржа прес-конференција со претседателката на Европската Комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, јави дописничката на МИА од Брисел.

Главен приоритет на новата германска Влада е здравството и борбата против климатските промени. Прво и пред сѐ го отворивме прашањето за пандемијата на ковид, кое е многу важно за Европа, приоритет е висока стапка на вакцинација, како и вакцината да се направи достапна и атрактивна за сите, изјави Шолц по средбата со Фон дер Лајен.

Потоа тој се осврна на зелената политика на Германија, која е поамбициозна од таа на ЕУ. Канцеларот истакна дека Германија има за цел да постигне климатска неутралност до 2045 година, односно пет години пред целта зацртана од ЕУ.

Последица на тоа значи дека ќе туркаме за обновливи енергии на таков начин што ќе и овозможиме на индустријата да стане климатски неутрална, рече германскиот канцелар.

Фон дер Лајен од своја страна изрази задоволство по разговорите со Олаф Шолц со кого таа во минатото соработувала два пати во германските влади. За шефицата на ЕК, пандемијата, исто така, е врвен приоритет.

Гледаме највисоки нивоа на инфекции во некои земји членки на ЕУ, делта сојот е најприсутен сега, омикрон е присутен речиси во сите земји и научната заедница засега не знае колку е тешка болеста. Она што е јасно е дека сојот е многу заразен, бројките се дуплираат секои два до три дена и најдобрата заштита што ја имаме се три дози на вакцина, изјави Фон дер Лајен.

Во однос на барањата на Франција за поголема флексибилност во буџетските правила во ЕУ, нешто за што Ангела Меркел одбиваше да попушти, претседателката на ЕК на прес-конференцијата денеска рече дека разговарале за изнаоѓање компромис на оваа тема, но засега, со оглед на пандемијата која сѐ уште трае, правилата остануваат пофлексибилни.

Фон дер Лајен додаде дека на европската економија ќе ѝ бидат потребни дополнителни инвестиции. По завршувањето на кризата ќе се преговара за идните буџетски чекори. 

вакцинација Германија ЕУ Ковид-19 Олаф Шолц приоритет Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.