Околу 44.000 луѓе излегоа на улиците во главниот град на Австрија на денешниот протест против сертификатите за вакцинација и воведените мерки против ковид-19.
Само неколку минути по почетокот на протестот, десничарски екстремисти и насилни демонстранти направија инцидент, јавуваат австриските медиуми. Полицијата пријави напад врз минувачи и новинари.
Нападнат е новинар. Бил гаѓан со грутки снег и парчиња мраз, објави виенската полиција на Твитер, додавајќи дека напаѓачот е уапсен.
Полицијата, исто така, соопшти дека се спроведени уште неколку апсења на демонстранти.
Пристигнуваат пријави за употреба на пиротехника и одбивање да се носат маски, тврди полицијата во Виена.
За собирот биле ангажирани околу 1.500 припадници на полициските сили.
Јавниот превоз дополнително се набљудува, откако неколку жители на Виена пријавиле дека демонстранти без маски ги малтретирале во јавниот превоз.