НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Холандскиот суд бара доживотен затвор за осомничените за уривање на авионот на „Малезија ерлајнс“

0
By Sashko on December 22, 2021 СВЕТ
Фото: asiatimes.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Холандското обвинителство побара доживотна казна затвор за четворицата осомничени за соборување на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година над источна Украина. Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека се неприфатливи обидите на холандскиот суд да ја претстави несреќата на летот на патничкиот авион МХ17 како државен проблем, а не како кривично дело.

На крајот од тридневната презентација на доказите, јавниот обвинител Манон Ридербекс побара доживотна казна затвор за тројца Руси и еден Украинец на кои им се суди во отсуство, пренесува агенцијата АП.

Обвинителите во своите завршни зборови рекоа дека руската ракета што собори патнички авион била невнимателно употребена, при што загинале сите 298 патници и членови на екипажот.

Лавров: Неприфатливо е несреќата да се претстави како државен проблем

Неприфатливи се обидите на холандскиот суд да ја прикаже несреќата на летот на патничкиот авион MХ17 на „Mалезија ерлајнс“ во Украина во јули 2014 година како државен проблем, а не како кривично дело, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Гледаме обиди да се создаде впечаток дека тоа воопшто не е криминален, туку државен проблем, бидејќи Русија наводно ги водела овие луѓе кои во овој случај се обвинети во Хаг“, рече Лавров во интервју за РТ.

Според него, тоа е апсолутно неприфатливо, пренесува руската агенција ТАС. Тој додава дека Русија внимателно го следи судскиот процес во Хаг и дека ќе го каже својот став веднаш штом ќе биде објавена одлуката на судот.

Всушност, тоа е кривично судење и ние го гледаме како такво. И како што гледам јас, секој непристрасен адвокат на овој начин ќе го разбере овој случај, заклучи рускиот министер за надворешни работи.

Авион на компанијата „Малезија ерлајнс“ со 298 луѓе беше соборен на 17 јули 2014 година додека летал над источна Украина, каде се бореле украинските владини сили и проруските бунтовници.

авион доживотен затвор Малезија Ерлајнс обвинителство Свет Сергеј Лавров уривање Холандија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.