Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Удар врз персоналот: „Јунајтед“ и „Делта“ откажаа над 200 летови поради Омикрон

0
By Sashko on December 24, 2021 СВЕТ
Фото: aa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 24, 2021 09:20

„Јунајтед ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ соопштија дека откажале десетици летови на Бадник, бидејќи ширењето на сојот Омикрон ги погоди нивните екипажи и други вработени.

„Јунајтед“ со седиште во Чикаго за денеска откажа 120 летови, а Делта со седиште во Атланта околу 90. Двете компании соопштија дека контактираат со погодените патници за да избегнат метеж на аеродромите.

Наглиот пораст на случаите со Омикрон директно влијаеше на нашите екипажи и на нашите оперативни менаџери. Како резултат на тоа, за жал моравме да откажеме некои летови и да ги информираме засегнатите патници пред да пристигнат на аеродром, соопшти „Јунајтед“.

„Делта“ наведува дека „ги исцрпила сите опции и ресурси, вклучително и пренасочување и замена на авионите и членовите на екипажот за извршување на редовните летови, пред околу 90 летови да бидат откажани за петок“. Компанијата како причини ги наведе можните лоши временски услови и влијанието на сојот Омикрон.

Извршниот директор на „Делта“, Ед Бастијан, во вторникот ги повика американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) да ги олеснат упатствата за карантин за целосно вакцинирани лица кои биле заразени со коронавирус поради влијанието врз работната сила на авиокомпанијата. Бастијан повика да се намали периодот на изолација од 10 на пет дена.

Барањето беше повторено во четвртокот од страна на „Ерлајнс фор Америка“, група која ги претставува главните превозници на товари и патници. ЦДЦ објави ажурирани упатства за карантин за здравствените работници вчера. Тој го намали периодот на изолација на седум дена за работниците кои биле позитивни на коронавирус, но асимптоматски, но им треба негативен тест за да излезат од карантин.

„Делта ерлајнс“ авиокомпании Божиќ Јунајтед ерлајнс летови Омикрон Откажувања Свет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.