НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студија во В. Британија: Прва објава за заштитата од прва, втора и бустер дозата на вакцини против ковид-19

0
By Sashko on January 5, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Британската Агенција за здравствена безбедност (УКХСА) објави податоци за точноста на заштита по прва, втора и трета доза на вакцина против ковид-19, потпирајќи се на собраните информации за време на растот на случаи со Омикрон сојот.

Фото: UKHSA/screenshot

Утврдено е дека, иако вакцините многу помалку штитат од инфекција со омикрон сојот отколку со Делта, заштитата од хоспитализација останува висока.

Заштитата од хоспитализација со време ослабува по втората примена доза, но повторно се зголемува со бустер доза.

Студијата е засновата на податоци меѓу 27 ноември и 24 декември во 2021 година и дава први формални проценки на ефикасноста на бустер дозата на вакцина против тешки форми на болеста, објави Ерик Топол, директор на Транслацискиот институт за истражување „Скрипс“.

Ова е статистиката

За хоспитализација (комбинирани податоци за сите видови на вакцини)

  • Една доза – 52 отсто намален ризик за хоспитализација во споредба со невакцинираните
  • Две дози – намалување за 72 отсто во рок од 24 недели од втората доза
  • Две дози (долгорочно) – 52 отсто намален ризик по 24 недели од втората доза
  • Три дози – 88 отсто намален ризик по две недели од третата доза

За симптоматска болест (комбинирани податоци за сите видови на вакцини)

  • Една доза – 26 отсто намалување на ризикот од симптоматски ковид во рок од четири недели по првата доза
  • Две дози – намалување за 18 отсто во рок од 24 недели по втората доза
  • Две дози (долгорочно) – намалување за два отсто по 24 недели од втората доза
  • Три дози – 63 отсто намален ризик по две недели од третата доза

Во Велика Британија, се нагласува, се употребуваат вакцините на „АстраЗенека“, на „Фајзер“ и на „Модерна“, па податоците може да се разликуваат во земјите кои користат поинаков сет за имунизација.

Мнозинството граѓани во Обединетото Кралство ја доби вакцината на „АстраЗенека“ која, на пример, не ја користат во САД, додека Велика Британија, пак, никогаш не ја користеше еднократната вакцина на „Џонсон&Џонсон“.

Се чини дека наодите потврдуваат оти вакцинацијата и бустерите се ефикасни средства против Омикрон, сој кој зема замав во светот и се заканува да ги доведе здравстените системи до „ивица на колапс“, неодамна соопшти Светската здравстена организација (СЗО).

Сè уште не е јасно колку ќе трае заштитата од бустер дозата. УКХСА претходно извести дека заштитата од симптоматска болест опаѓа по десет недели од 70 отсто на 45 отсто по апликација на бустер доза на „Фајзер“ по две примени дози од истата вакцина.

вакцини Велика Британија заштита Ковид-19 Свет студија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.