Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поради краток рок на траење: Земјите во развој одбија 100 милиони дози на вакцини

0
By Sashko on January 13, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, January 13, 2022 17:16

Посиромашните земји во текот на минатиот месец одбија над 100 милиони дози на вакцини против ковид-19 што им беа понудени преку глобалната иницијатива Ковакс поради нивниот краток рок на траење, изјави денеска претставник на УНИЦЕФ.

Оваа бројка ги покажува проблемите со вакцинирање во светот и покрај зголемената понуда на вакцини. Ковакс се приближува до бројката од една милијарда поделени дози во повеќе од 150 држави.

Повеќе од 100 милиони дози беа одбиени само во декември. Главна причина за тоа беше нивнио краток рок на траење, изјави Етлева Кадили од УНИЦЕФ пред европратениците.

Посиромашните држави, исто така, мораа да ги одложат набавките поради недоволен простор за складирање, истакна Кадили, што вклучува недостиг на ладилници за вакцини.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека 681 милион на дози во моментот се неискористени во околу 90 посиромашни земји.

Хуманитарната организација CARE објави дека повеќе од 30 земји, вклучително и поголемите како Демократска Република Конго и Нигерија, искористиле помалку од половина од добиените дози. Нигерија отстрани милион дози кон крајот на минатата година.

Ковакс, иницијатива во која учествува и Светската здравствена организација (СЗО), досега има испорачано 989 милиони дози вакцина во 144 земји. Испораките во посиромашните земји долго се одложуваат поради недостиг на вакцини, бидејќи побогатите држави резервираа најголем дел од дозите достапни од декември 2020 година.

Во јануари се вакцинирани 67 отсто од населението на развиените земји, а само осум отсто во земјите во развој, покажуваат податоците на СЗО.

вакцини Земји во развој Ковакс механизам Ковид-19 Рок на употреба Свет УНИЦЕФ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
June 29, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

ВЕСТИ June 29, 2026

Мајка, која беше извлечена од урнатините на нејзиниот уништен дом со своето бебе старо…

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.