НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Не е на арно: САД им одобрија на сојузниците да транспортираат оружје во Украина

0
By Sashko on January 20, 2022 СВЕТ
Фото: vox.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Стејт департментот им одобри на Естонија, на Летонија и на Литванија дозвола за транспорт на оружје од американско потекло во Украина, соопштено е денеска.

Ваквиот потег на САД доаѓа по предупредувањето на администрацијата на Бајден за можна руска инвазија на Украина во секој момент. Покрај тоа, американсккиот државен секретар, Ентони Блинкен смета дека Русија планира да распореди дополнителни трупи на границата со Украина.

Американското одобрување за транспорт на оружје е еден вид на порака до рускиот претседарел, Владимир Путин што би можело да го чека, доколку продолжи со својот план. Дури и Бајден вчера нагласи оти очекува Путин да ја нападне Украина.

Стејт департментот нагласи дека има блиска соработка со европските земји и со Украина.

Нашите европските сојузници го имаат она што им е потребно да напредуваат по прашањето за обезабедување на помош за Украина во наредните денови и недели. Во близок контакт сме со нашите украински партнери и НАТО сојузници за ова прашање и ги користиме сите расположливи алатки, истакна портпаролот на Стејт департментот.

Тој додаде дека „под алатките“ се подразбира и забрзување на транспортот на оружје од американско потекло од американски сојузници до нивните партнери.

Сè уште не е јасно кога оружјето ќе стигне во Украина, додаде портпаролот на Стејт департментот.

Оваа недела Блинкен ја посети Украина каде оствари средби со официјални државни претставници кои му заблагодарија за помошта, но и ја искористија приликата да побараат допопнителна воена пооддршка.

Кон крајот на декември, администрацијата на претседателот Бајден одобри дополнителни 200 милиони долари помош за Украина, со што е овозможена испорака на одбранбена помош која вклучува оружје и муниција, тврдеа тогаш за „Си-Ен-Ен“ четири неименувани извори кои се добро упатени во целата ситуација.

Одобрение оружје САД Свет сојузници Транспорт Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.