НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Александар Вучиќ: Платите во Србија пораснаа двојно откако ги почнавме преговорите со ЕУ

0
By НОВА ТВ Terziova on July 6, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Секако дека следам што се случува, но не би сакал да се мешам, мислам дека и Македонија и Албанија заслужија преговори со Европска Унија и исполнување на се што бараат, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ во вестите на ТВ Сител.

„Не можам да кажам дали предлогот е добар или лош. И Бриселскиот договор не го сакаа тогаш кај нас во Србија, па ете сега најмногу се потпираме на него. По него двојно ги покачивме нашите плати, добивме огромен број инвестиции. Дали е се сјајно и убаво во предлогот, секако дека не е. Ништо не е лесно и убаво. Но што е алтернативата? Само сакам да размислат граѓаните, да не гледаат преку емоции, на никој не му се потребни судири на народот со полицијата. Само нека анализираат и за добрите и лошите работи”, изјави Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, во гостувањето на ТВ Сител, зборуваше и за економската состојба во Србија, по отворањето на преговорите.

„Ние ги отворивме преговорите за членство во Европската Унија, но после тоа ние повеќе од дупло ги покачивме нашите плати. Ние имавме плати на ниво од Северна Македонија, денес платите кај нас се 640 евра просечна, а наскоро и 720 евра. Во Белград наскоро платите ќе одат над 990 евра. Веќе во јануари месец добивме огромен број на инвестиции, 62% вкупно од инвестициите од Западен Балкан. Нас, отворањето на преговорите со ЕУ многу ни помогна“, рече Вучиќ.

Како што вели тој, во Србија имаме искрен пријател, само да се напредува. И ако отвориме преговори, ќе ја имаме нивната поддршка.

“Гледајте да ви оди земјата напред. Добро е да се биде на европски пат, тоа е важно”. Вучиќ упати порака до граѓаните во нашата земја, со апел за добрососедство и пријателство.

„Јас имам нешто кое што сакам да им го кажам на луѓето. Србија не сака ништо од Северна Македонија. Ние ве доживуваме вас како наши браќа, нам не ни треба територија од Северна Македонија, нам не ни треба јазикот, го признаваме македонскиот јазик. Нам не ни треба црквата, ја признаваме македонската црква. Нам не ни треба ама баш ништо, освен пријателство и добри соседски односи. Тоа е единственото што ни е потребно“, рече Вучиќ.

Тој уште еднаш порача македонските граѓани со помалку емоции да пристапат кон целата ситуација. „Не е крај на светот ни за едната опција ни за другата. Тоа е тактички потег”, порача претседателот на Србија Александар Вучиќ.

(М.Т.)

Александар Вучиќ Бугарија вето интервју Македонија регион
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.