Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Влада: „Отворен Балкан“ без никакви бариери ги отворa границите за работниците од Северна Македонија, Србија и Албанија

0
By Ана Василевска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, February 14, 2023 17:24
Владата на Република Северна Македонија го поздравува усвојувањето на Законот за ратификација на Договорот за услови за слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан и на Законот за ратификација на Договорот за интерконекција на шеми за електронска идентификација на граѓаните од Западен Балкан на вчерашната собраниска седница.

„Со ратификувањето на овие договори, поврзани со иницијативата „Отворен Балкан“, конечно станува реалност граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија да можат да работат во која било од трите држави без да вадат работни дозволи, без какви било бариери, без аплицирања и чекања, без административни трошоци“, велат од Владата.
Дополнително, додаваат, олеснување ќе се обезбеди и со договорите за признавање на дипломи и професионални квалификации.
„Огромните придобивки од овие договори е што се отстрануваат бариерите за вработување, а државјаните ќе може да работат во сите држави со единствен број за идентификација, без какви било дополнителни процедури. Граѓаните ќе можат да добијат „Отворен Балкан“ број за идентификација на нивниот национален портал за е- Влада или на нивниот национален портал за електронска идентификација. Единствениот број за идентификација е електронска идентификација со којашто се добива пристап до електронските услуги во државата каде што лицето го добило бројот“, појаснуваат од Владата.
Со добивањето на потврда за „Отворен Балкан“ број за идентификација се добива слободен пристап до пазарот на труд.  „Отворен Балкан“ број за идентификација станува и основ за добивање единствен матичен број за странец, со што нема веќе процедури за дозволи за престој.

Според Владата, со ратификувањето на договорите се засилува конкурентноста во регионот, бидејќи компаниите ќе може да сметаат на работната сила на трите држави непречено, што ќе влијае и на конкурентноста на пазарот на трудот и растот на платите.
„Со тоа излегуваме во пресрет и на компаниите и стопанските комори од трите држави, кои очекуваа брзо спроведување на оваа мерка со која се либерализира регионалниот пазар на трудот. 
Станува збор за огромна помош и олеснување за фирмите кои имаат свои претставништва во Северна Македонија, Србија и Албанија со цел полесно отворање на нови работни места и полесно да ангажираат работни кадри и за нив да обезбедуваат добри плати и добри услови за работа.
Станува збор за регионална конкурентност на пазарот на трудот која со сигурност ќе придонесе кон покачување на платите, се вењли во денешното соопштение од Владата.

Договорите од иницијативата „Отворен Балкан“ беа потпишани на 21 декември 2021 година во Тирана од страна на претставниците на трите земји, Република Северна Македонија, Србија и Албанија.
Албанија без работни дозволи Влада Македонија отворен балкан Србија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.