Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче од 30-ти Конгрес на СДСМ: Следи пресвртница за партијата, ароганцијата ќе биде закопана длабоко земја, а ВМРО-ДПМНЕ повторно ја турна државата во режим

0
By Zoran Ivanov on November 24, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 24, 2024 14:43

СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ.

Лидерот на партијата Венко Филипче во своето обраќање пред делегатите истакна дека овој конгрес ќе биде пресвртница за СДСМ. Филипче рече дека СДСМ била фокусирана на евроинтеграциите, но не и на сервисите за граѓаните, дека биле сервилни кон коалициските партнери и дека тоа е дел од причините за нивниот пораз на последните избори. Тој исто така рече дека секој што се огрешил треба да одговара за криминал и корупција, но дека правдата треба да биде иста за сите вклучувајќи ги и функционерите на власта.

Ароганцијата ќе биде закопана длабоко земја додека сум јас претседател, рече меѓу другото Филипче и додаде дека СДСМ е особено горда што Радмила Шекеринска е првата дама од Балканот што ќе ја извршува функцијата втор човек на НАТО.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турна државата, според него, повторно во нов режим, се прават чистки во институциите, од вештачки кризи и закани за измислени кризи.  Власта игра на картата на поделби, вели Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ не само што ги изневери очекувањата на граѓаните, туку и ја турка Македонија во нова ера на режимско владеење. Добиваме режим во ново руво. Во моментов се случува партизацијата на институциите која е без преседан. Секојдневно сме сведоци на брутална чистка во која се заменуваат професионалци со партиски послушници. Ова се прави дури во клучните сектори како безбедноста и полицијата, но и секаде во администрацијата. ВМРО-ДПМНЕ систематски планира да ја уништува независноста на судството, да го заробува медиумскиот простор преку создавање на атмосфера на страв, измислени дестабилизации и поделби, порача Филипче.

Претседателот Филипче на Конгресот на СДСМ исто така истакна дека при секој катастрофален потег на ВМРО-ДПМНЕ, Мицковски исфрла медиумски бомби за да го одвлече вниманието преку создавање вештачки кризи, до пласирање стравови за „надворешни и домашни непријатели“ по што власта игра на картата на поделби и заплашувања. Истото сценарио потсети Филипче се случувало и кога беснееја шумски пожари и која се влошуваше економската состојба во државата. Притоа во конгресното излагање тој напомена дека со ВМРО-ДПМНЕ улиците повторно се претворени во бојно поле за пресметки на бандите и убиства но наспроти реалноста дома Мицковски упорно глуми национално единство.

Мицкоски продолжува дома да проповеда „горд отпор“ и „национално достоинство“, додека пред европските политичари ветува дека ќе ги исполни сите услови. Ваквиот двоен аршин не само што го подрива кредибилитетот на Македонија, туку ја прави земјата заложник на неговиот политички калкулус. ВМРО-ДПМНЕ историски секогаш бил кочничар на напредокот, а оваа гарнитура не е различна. Додека се прогласуваат за големи „Европејци“, нивните дела говорат спротивно. Македонија е заглавена на патот кон ЕУ поради недостигот од акција на оваа влада. Наместо да ги продолжат преговорите, блокираат клучни реформи и ја користат европската перспектива за дневно-политички поени, порача Филипче.

Претседателот Филипче повика да не се заборави дека сегашната власт во опозиција ги блокираа договорите со Грција и Бугарија, договори кои ја отворија вратата за НАТО и ЕУ. Притоа тој истакна дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во многу нешта потсетува на периодот 1998-2002.

Претставниците на власта упорно се трудат и сакаат да го минимизираат оствареното во евроатлантските интеграции. Не обвинуваат дека сме ги предале националните интереси. Служејќи се со гол популизам и евтин национализам лажно ветуваа дека можат да издејствуваат нова преговарачка рамка со ЕУ. Да се потсетиме. Со истата жестина како што во опозиција го напаѓаа Преспанскиот Договор, ја напаѓаа и Времената спогодба од 1995, за во 2009 да им стане врвна дипломатска придобивка и главен аргумент во пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Исто како што сега на Христијан Мицкоски Преспанскиот Договор му стана ремек дело на европската дипломатија. ВМРО-ДПМНЕ тогаш во опозиција тврдеше дека ќе ги врати Струга и Кичево во старите општински граници, а потоа во периодот 2006-2016 заборавија што ветувале. На НАТО Самитот во Букурешт во 2008 прифатија ново име на државата, а нас не обвинуваат дека сме го предале името. Ги слушавме и по телефонските разговори. Не случајно нашиот народ вели: Волкот влакното го менува, но ќудот не!, истакна Филипче на конгресот.

Тој исто така потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ се истите лицемери кои себеси се нарекуваат „народни“, а никогаш немале храброст да го подметнат грбот во клучните моменти за државата. Тоа се истите кои секогаш бегале од одговорност криејќи се во комфорните зони. Затоа ВМРО-ДПМНЕ биле и ќе останат политички кукавици.

Граѓаните не се наивни. Точно ги читаат неискрените политичари кои ја освоија нивната доверба со веќе видените политички измами, порача Филипче од 30 Конгрес на кој партијата го избра новото раководство.

На конгресот присуствуваат 536 делегати од 626 односно, 85 отсто. Тука се и претставници на други опозициски партии НСДП, ЛДП и други.

Денеска продолжи и 29-тиот Конгрес на партијата, кој што се одржа пред почеток на 30. Конгрес на СДСМ, а на кој се констатираше недоверба на органите на Централниот и Надзорниот одбор и оставката на досегашната заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.