Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисија за спречување и заштита од дискриминација: Недостапноста на јавниот превоз дискриминира повеќе групи граѓани

0
By Marija Todorovska on November 28, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 28, 2024 15:02

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација денеска соопшти дека во изминатиот период добива претставки од различни групи граѓани кои се жалат на дискриминација поради недостапноста на јавниот превоз во Скопје.

Во соопшението се наведува дека многу групи граѓани зависат од јавниот превоз за да ги остварат своите основни човекови права како правото на образование, движење, здравје, работа, пристап до добра и услуги и други.

– Недостапноста на јавниот превоз непропорционално повеќе засега одредени групи на граѓани како жени, млади луѓе и ученици, пензионери и други возрасни лица, Роми, луѓе што живеат во населби пооддалечени од центарот на градот. Особено е загрижувачка состојбата со јавниот превоз од населбата Шуто Оризари, каде повремено возат само приватни превозници, со што се врши дополнителна дискриминација врз основа на етничка припадност и раса, соопштија од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Изразуваат загриженост и за неможноста учениците да посетуваат настава, да го остваруваат правото на образование поради недостапноста на јавниот превоз, гарантирано со член 44 од Уставот на Република Северна Македонија, каде е наведено дека образованието е достапно на секого под еднакви услови.

Јавниот превоз, се подвлекува, има многу значајна улога во општеството и носи бројни економски, социјални, здравствени и еколошки бенефити. Преку јавниот превоз се промовира и зајакнува инклузивноста бидејќи тој овозможува сите луѓе да учествуваат во животот во градот и да ги остварат своите права. Со јавниот превоз се промовира независноста и мобилноста на граѓаните, се зајакнуваат социјалните интеракции и чувството на живеење во заедница. Клучна карактеристика на општества во кои има повисоко ниво на еднаквост е добро организиран, достапен и пристапен јавен превоз кој го користи голем дел од населението. Недостапноста на јавниот превоз ги продлабочува нееднаквостите на сметка на и онака помалку привилегираните групи во општеството.

– Исто така, недостапноста на јавниот превоз го зголемува користењето на приватните возила и ја зголемува фреквентноста во сообраќајот, што директно влијае на загадувањето на возухот и на оневозможување на правото за здрава животна средина. Согласно член 43 од Уставот секој е должен да ја унапредува и штити животната средина и Републиката е должна да обезбедува услови за остварување на правото на граѓаните за здрава животна средина, соопштија од Комисијата.

Од овие причини, од Комисијата апелираат до централните и локалните власти да ги остават настрана партиските интереси и итно да донесат долгорочни решенија за унапредување на достапноста и пристапноста на јавниот превоз.

дискриминација јавен превоз Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 17, 2026

УНЕСКО: Толку беше – Охрид во опасност

ВЕСТИ July 17, 2026

Напредокот е недоволен, а заканите за Охридскиот Регион и натаму се сериозни. Во најновиот извештај,…

САД напаѓаат Иран возвраќа – нови удари врз ирански цели и американски бази

July 16, 2026

Бриселски супер вторник: 4 држави напредуваат кон ЕУ – Македонија не е меѓу нив

July 14, 2026

 Пет часа во бранови САД го напаѓаше Иран

July 14, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.