Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прилепскиот тутунски комбинат го почна откупот на тутунот

0
By Marija Todorovska on November 29, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 29, 2024 13:20

Прилепскиот тутунски комбинат денеска го почна откупот на тутун од годинашнава реколта. Со ова, практично, сите 10 откупни компании го преземаат родот од тутунопроизводителите во земјава.

Отворени се пунктови во Прилепско и Радовишко, а во текот на идната недела и останатите пунктови во другите региони.

– Отворени се шест пунктови во Радовишко и 10 во Прилепскиот регион. Опфатен е пунктот во градот и пунктовите во населените места во Долненско, Демирхисарско и во Битолско. Комбинатот е подготвен во текот на идната недела да ги отвори и другите пунктови во земјава. Годинава ќе ги откупиме сите количества тутун, околу 2 000 тони, договорени со кооперантите. Обезбедени се парите за исплата, изјави на денешната прес-конференција директорот на Комбинатот, Александар Алексовски.

Комбинатот ќе врши исплата двапати неделно, во вторник и во петок. Дневно е планирано да се купуваат околу пет тони тутун. Досега се откупени преку 3,5 тони по просечна цена од 375 денари за килограм. Комбинатот е подготвен да им доплати на производителите доколку се постигне договор за зголемување на цената на тутунот.

– Бордот на директори на Комбинатот донесе одлука дека доколку дојде до покачување на цената на откупениот тутун во наредниот период, на сите кооперанти кои предале тутун, ќе им биде доплатена разликата со зголемувањето на цената, рече Алексовски.

Според Сојузот на тутунските здруженија, досега во земјава се откупени преку 110 тони тутун со просечна цена од околу 370 денари. Со отворањето на пунктовите на прилепскиот тутунски комбинат се очекува интензивирање на откупната кампања. Годинашнава реколта се проценува на 16 000 до 17 000 тутун и е со добар квалитет.

Прилеп Радовиш Тутун
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.