НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Кажи стоп за петарди и огномет“ – Кампања на Зоолошка градина

0
By Marija Todorovska on December 4, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заедно да кажеме стоп за петардите и огнометите, освен тоа што се опасна „играчка” за најмладите и може да дојде до страшни повреди, погубни се и за животинскиот свет, алармираат од скопската Зоолошка градина.

Декември го посветуваат за зголемување на свеста за последиците од употребата на пиротехнички средства во овие денови на празнични прославувања.

– Употребата на пиротехнички средства е опасна затоа што милиони птици угинуваат од стрес или исплашени ги напуштаат своите гнезда со малечки, за кои потоа нема кој да се грижи и умираат од глад и дехидрација. Кучињата и мачките може да доживеат огромен стрес или во најлош случај, срцев удар од страв. Дивиот свет, исто така, страда. Бучавата и светлината ги вознемируваат до степен да може да настапи смрт, но и да ги напуштат своите малечки кои потоа страдаат. Се создава загадување на воздухот преку испуштање отровни хемикалии, но и загадување со бучава. Децата може да се повредат и да останат со ампутирани делови од телото. Кај возрасните луѓе со ПТСР (PTSD) поттикнува поголема анксиозност. Силниот звук има огромно влијание кај дечиња со потешкии во развојот или пак со аутистичен спектар на нарушување, а празничниот период не треба да им носи трауми поради петардите, истакнуваат од Зоолошката, нагласувајќи дека и животните таму доживуваат голем стрес.

Затоа, апелираат, сите заедно да се вклучат во оваа кампања и годинава рекордно да се намали употребата на пиротехника.

– Се надеваме дека што повеќе училишта ќе се вклучат во заеднички активности со Скопје ЗОО, а како прва „задача“ за сите основци и средношколци, предлагаме да бидат креативни и да направат цртежи на темата „Кажи стоп за петарди и огномет“. На крајот од месецот, пред Нова година, ќе направиме изложба со најдобрите цртежи во просторот на градината. Сите креативни граѓани може да изработат и да ни испратат и едукативни илустрации на zooskopje@zooskopje.com.mk , што потоа како постери ќе се најдат низ секое маало. И за крај, уживајте во празнувањето на празниците, но, оставете ги и другите да уживаат. Стоп за пиротехничките средства, нагласуваат од Зоолошката градина во Скопје.

Зоолошка градина кампања Огномет петарди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.