НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најдоцна до мај Судот ќе донесе одлука за Законот за јазиците

0
By Marija Todorovska on December 11, 2024 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, ИНТЕРВЈУ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ, КОЛУМНА, НАСЛОВНА, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Дарко Костадиновски, истакна дека одлуката за одржување подготвителна седница за иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците не треба да се толкува како слабост. Тој информираше дека на работен состанок на 23 декември ќе се дефинираат спорните прашања, а по завршувањето на подготвителната седница, најдоцна до мај, Судот ќе одлучува по предметот.

-Во оној момент кога ќе го добијам пријателскиот совет од Венецијанската комисија веднаш ќе биде свикана подготвителната седница. Уште сега на крајот од оваа седница побарав од судијата известител најдоцна до 23 декември да ги подготви спорните правни прашања за подготвителната, да подготви предлог листа на учесници, бидејќи одлуката ја носи Судот на посебен работен состанок, и во оној момент кога ќе го добиеме амикусот моја проценка е дека ќе биде тоа почетокот на март, ќе биде одржана подготвителната седница, рече тој, дополнувајќи дека по завршувањето на подготвителната седница, не повеќе од месец дена, ќе им бидат потребни за разработка на рефератот врз основа на резултатите од подготвителната седница, што значи, како што рече, најдоцна во мај Судот ќе одлучува по предметот.

На денешната прес-конференција по одржаната 32. Седница, Костадиновски нагласи дека судот е изложен на политички притисоци и манипулации, но дека ќе продолжи со постапувањето по предметот, барајќи мислења од странски експерти за да обезбеди независност и непристрасност. Тој ги отфрли обвинувањата за политичко влијание и етничко надгласување, истакнувајќи дека Уставниот суд е чувар на Уставот и правдата.

– Кажав и ќе повторам, да не му падне на памет да ја толкува како наша слабост. Не. Ние почнавме со постапувањето по предметот. Ова е дел од постапката. И добар е предлогот за подготвителна затоа што ако нешто имам јас лично, сега јас зборам лични ставови, колку што можам да ги разобличам сите лаги на политичарите да им ги одземам сите аргументи. Подготвителната седница секогаш е еден од инструментите што ги имаме на располагање да ги викнеме најеминентните стручњаци по уставно право, по јазично, по меѓународни стандарди – дајте да ги судриме аргументите за да видат и пак ќе кажам граѓаните не политичарите зошто што и да правам они нема да видат, не сакаат да видат, не им е во интерес да видат. Сакам граѓаните да си бидат спокојни и да не дозволуваат да бидат манипулирани, рече тој.

Претседателот на Уставен нагласи дека нема да дозволи Судот да биде уценуван или под притисоци од било кого.

– Секој што мисли дека владеењето на правото ќе биде попречено со политичко влијание и манипулации, нека не се труди. Уставниот суд има јасни надлежности и е чувар на Уставот, изјави Костадиновски.

Дополни дека одлуката да се одржи подготвителна седница треба да се толкува како врвен чин на одговорност и почит кон граѓаните, за да не бидат манипулирани од политичарите и посчи дека судот ќе побара мислења од странски експерти пред да донесе конечна одлука, со цел да се обезбеди независност и непристрасност во процесот.

Во однос на ставовите што беа истакнати во јавноста, тој посочи дека судот има должност да постапува по секој предмет за кој е доставена иницијатива, без оглед на политичките притисоци.

-Стигнаа многу прашања, на дел ќе одговорам. Првата лага и манипулација со чувствата на граѓаните е дека Уставниот суд извршува политички програми, дека сме биле параполитичка организација, дека некој што не избрал во некој состав имал и право или можност да влијае врз нас, дека сме посакувале дестабилизација. Тоа се тешки лаги. Ова е апсурд, класична манипулација, рече Костадиновски.

Костадиновски нагласи дека политичарите често ги преминуваат црвените линии на пристојноста и дека не секоја тема е подобна за политичка борба. Тој исто така ги отфрли обвинувањата за етничко надгласување и нагласи дека правдата е слепа и сите се еднакви пред Уставот и Законот.

Во однос на прашањето како можат граѓаните да веруваат дека ќе работат во нивен интерес кога довербата во судството е ниска, тој одговори дека ќе веруваат со силата на нивните аргументи.

– Со силата на нашите аргументи ќе ни веруваат. Значи, силата на нашите аргументи е во нашите одлуки. Ако внимателно ги читаат сите нашите одлуки, кај нас луѓето уште не ја прочитале одлуката они веќе даваат квалификации. Никој не ги чита одлуките. Силата на нашите аргументи е начинот на кој ние ќе ги увериме граѓаните дека нашите одлуки се без какви било премиси. Не можам да коментирам кој, како бил избран. Значи, Собранието ги бира судиите на Уставниот суд. Од оној момент без разлика што биле, како биле кога ќе положат заклетва а ние даваме свечена изјава во Собранието дека ќе чуваме што – националната припадност, етничката припадност, верската, правната, политичката? – Не, дека ќе го чуваме Уставот, посочи тој.

Додека, за моментот кога овој предмет е ставен на седница, одговори дека никогаш не постојат идеални услови.

-Првата моја прес-конференција, два дена по мојот избор јас дојдов овде и кажав сите предмети ќе бидат изнесени на разгледување, сите. Е сега ме прашувате зашто баш сега. Што мислите вие кога е соодветен термин, еве ако не овој – кој? Јас не одговорам, јас го ставив на дневен ред. Моја надлежност е јас го ставив на дневен ред. Прашањето ми е а кога сме имале период да имаме идеални услови и кои се тие идеални услови. Дали мислите дека ако го одложиме ова за две години дека за две години или за три, четири или пет нема да ја има истата сензитивност? Истата ќе биде, рече тој.

Уставниот суд на Северна Македонија денеска одлучи да одржи подготвителна седница за расправата по иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на Законот за употреба на јазиците.

Предметот за Законот за јазиците е составен од 13 иницијативи од различни граѓани, политички партии, здруженија, оформен е во 2019 година, а стана актуелен есенва по забелешките на Венецијанската комисија.

По однос на иницијативите, Уставниот суд може да ги отфрли, да одлучи да поведе постапка за законот во целост или само за делови од него, да ја запре времено неговата примена додека да донесе конечна одлука, или да го прати на доработка во Парламентот.

Закон за јазици одлука
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.