Полицијата влезе во домот на Артан Груби наводно поради сомнежи во за сторен криминал во Државната лотарија.
Претреси се направени во домови на уште неколку лица кои се поврзуваат со случајот, меѓу кои е и екс директорот на Лотарија
Дали има сознанија за инволвираност на двајцата поранешни високи функциониери во слјачот со Лотарија, денеска беше прашан и премиерот Мицкоски на прес-конференција.
Имам некакви начелни информации но би се воздржал од коментар додека не дојде соопштение од МВР.
Според засега непотврдените информации, акцијата на ОЈО, МВР и судија на претходна постапка, се однесува на набавката на Државна лотарија на ВЛТ апарати вредни повеќе милиони евра. Во претресите, неофицијално е пронајдена и поголема колична пари во домот на Бајрами.