Кривичниот суд им определи мерка притвор во траење од 30 дена на поранешниот вицепремиер Артан Груби и екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами. Мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот.
Судот одлуката ја донесе врз основа на предлогот на Обвинителството, кое оцени дека постои основан ризик од бегство на осомничените или од нивно влијание врз текот на истрагата.
По добиено известување од надлежното МВР, дека двете лица за кои Јавното обвинителство предложи мерка притвор од нивно пронаоѓање, односно лишување од слобода, а поврзани со истрагата за Државна лотарија, се недостапни за органите на прогон, донесе решенија со што го прифати предлогот на Јавното обвинителство и им определи мерка притвор од траење од 30 дена. – Основен кривичен суд Скопје.
Груби и Бајрами се уште не им се достапни на правосудните органи