Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Иранска ракета погоди израелска болница, Нетанјаху: Техеран скапо ќе плати

0
By Marija Todorovska on June 19, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ, ФЛЕШ ТРИ
Фото: Скриншот BBC
Фото: Скриншот BBC
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 19, 2025 10:10

Израелското Министерство за надворешни работи објави дека иранска балистичка ракета ја погоди болницата Сорока во Бершеба.

Болницата Сорока е значително оштетена, вели портпарол, додека израелската служба за итни случаи вели дека повеќе од 30 лица се повредени.

Две лица – маж на возраст од 80 години и жена на возраст од 70 години – се однесени во болница во сериозна состојба, додека уште 30 лица се полесно повредени, претежно од експлозии и шрапнели, соопшти медицинската служба Маген Давид Адом (МДА).

Иранските медиуми објавија дека салво од ракети летаат кон Израел. „Технолошки напредни ракети летаат над Тел Авив“, објави новинската агенција Фарс, додека иранската државна телевизија емитуваше снимки во живо од Тел Авив.

Иран ќе продолжи да го користи своето право на самоодбрана со гордост и храброст, а ние ќе го натераме агресорот да се кае и да плати за својата тешка грешка, напиша иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, на X, обвинувајќи го Израел дека се обидува да „го прошири конфликтот во регионот и пошироко“.

„Терористичките тирани на Иран лансираа ракети врз болницата Сорока во Бершеба и врз цивилите во централниот дел од земјата“, напиша Нетанјаху на „Х“

Тој додаде дека „тираните во Техеран ќе платат скапо“ за нападот, објави „Тајмс оф Израел“.

Во посебен извештај, болничарот Јоси Шило рече дека неговиот тим наишол на голема материјална штета на градилиште. Жена на возраст од 60 години, исто така, била лекувана таму и била однесена во болница во „сериозна, но стабилна состојба“.

Покрај Бершеба, ракетите ги погодија и Тел Авив, Рамат Ган и Холон, предизвикувајќи голема штета, објавија израелските медиуми.

Во меѓу време Иран соопшти дека главната цел на утринскиот ирански напад врз Израел било седиштето на Командата и разузнавачката служба на ИДФ, како и разузнавачкиот камп на армијата во технолошкиот парк Гав-Јам. Иран ги негира извештаите на израелските медиуми дека иранскиот напад погодил болница, наведувајќи дека е погодена локацијата каде што се распоредени израелски војници.

болница Израел Иран ракети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.