Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Трамп: Имав „многу добар разговор“ со Путин за Украина и Блискиот Исток

0
By Zoran Ivanov on March 10, 2026 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 10, 2026 19:26

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека разговарал со својот руски колега Владимир Путин за војната во Украина и за состојбата на Блискиот Исток.

Трамп синоќа им рече на новинарите дека претходно во текот на денот имал „многу добар разговор“ со Путин.

Има огромна омраза меѓу претседателот Путин и претседател Володимир Зеленски. Двајцата не можат ни да се погледнат, но сметам дека разговорот на оваа тема беше позитивен – рече Трамп.

Тој додаде дека Путин „сака да биде од корист“ во решавањето на конфликтот со Иран.

Му реков: ‘Можеш да бидеш покорисен ако ставиш крај на војната меѓу Украина и Русија. Тоа би било покорисно – изјави Трамп на прес-конференција во својот голф-клуб во Флорида.

Советникот на Кремљ за надворешна политика Јуриј Ушаков разговорот го оцени како „многу суштински“, додавајќи дека „веројатно ќе има практично значење за идната работа меѓу двете страни“.

Според него, Путин изнел неколку идеи насочени кон брзо политичко и дипломатско решавање на конфликтот во Иран, вклучително и врз основа на контактите што ги имал со лидери од земјите од Персискиот Залив, со иранскиот претседател и со лидери на други држави.

Ушаков рече дека Трамп, исто така, ја изнел својата оценка за развојот на американско-израелската операција.

Се одржа многу суштинска и, без сомнение, корисна размена на идеи – нагласи тој.

Ушаков додаде дека Трамп смета оти „брзото решавање на конфликтот во Украина со прекин на огнот и долгорочно решение“ е во интерес на САД.

Тој истакна дека руските сили „доста успешно напредуваат“ на фронтот и дека тоа треба да го поттикне Киев да започне преговори за решавање на конфликтот.

 

Иран Путин Трамп Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.