НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НДП, Унитети, Достоинство нема да учествуваат на изборите на 5.јуни

0
By Нова ТВ on April 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По СДСМ, уште неколку партии најавија дека поради неисполнувањето на демократските предуслови, нема да учествуваат на изборите закажани на 5.јуни.

Меѓу нив засега Демократскиот сојуз, Левица, ДОМ и Достоинство најавија дека нема да ги легитимираат изборите на кои инсистираат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Од партијата на Гзим Острени, Унитети, исто така потенцираат дека не се исполнети условите.

– По одлуката на парламентарното мнозинство за распуштање на Собранието и за одржување на парламентарни избори на 5-ти јуни без да бидат реализирани клучните прашања на Договорот од Пржино: исчистен Избирачки список, реформи во медиумите и подeлба на партијата од државата, партијата УНИТЕТИ јасно изјавува дека нема да учествува на такви избори со што би легитимирала украдени избори од страна на партиите на власт. Овој став партијата го донесе и на Првиот свој Конгрес.

УНИТЕТИ ќе инсистира да со помош на меѓународниот фактор како и на секој домашен субјект кој има за цел враќање на демократијата во нашата земја, да се создадат потребни услови за одржување на избори во кои гласачкото право на граѓанинот е неповредливо и правосилно, се вели во соопштението на партијата.

Од друга страна, движењето БЕСА вели засега нема  услови за фер, слободни и демократски избори, но дека сепак конечната одлука дали ќе учествуваат на изборите на 5.јуни, ќе биде донесена по Централниот совет на движењето.

Според претседателот на БЕСА, се поизвесно е дека тие нема да учествуваат во избори во кои се легитимира манипулацијата при што повторно, вели, ќе се изберат криминалци и повторно ќе се прегази демократската волја на граѓаните на Македонија.

И Национална Демократска Преродба нема да учествува на изборите на 5.јуни се додека не се најде решеније за нормално функционирање на државата.

– НДП во континуитет има изјавено дека изборите во ниту еден момент не може да доведат до решенија, без разлика што режимот на ВМРО-ДУИ, и на други аналисти, мислаат дека изборите се решеније. Ставот дека изборите не нудаат решеније се аргументира со фактот дека само во последната деценија се организираа еден куп предверемени избори, но до ден денес граѓаните на оваа земја не видоа решенија за државата, смета НДП.

Национална Демократска Преродба потенцира дека земјата има потреба од ургентни решенија за круциалните проблеми имајќи во предвид дека во земјата постои вистински хаос во прочистувањето на изборната листа, реформите во медиумите, како и тотално запоставување на извештајот на Прибе.

– Ако на ова и додадеме дека институциите во земјата се пред  целосно уништување од невиден недостаток на владеењето на правото, тогаш едностраните избори на 5-ти јуни ќе бидат само погребување на демократијата, реагира НДП.

5.јуни Беса ВМРО-ДПМНЕ ДОМ Достоинство ДС ДУИ избори НДП СДСМ Унитети
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.