НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Турција: Приведување на 42 новинари, закана за уште стотина

0
By Нова ТВ on July 27, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турските власти издадоа налози за приведување на 42 новинари, објави Си Ен Ен Турк, што е најнова мерка во големата акција поврзана со неуспешниот воен удар.

Еден инсајдер од АКП партијата на Ердоган денес преку Твитер објави нова листа на уште 100 новинари на кои им се заканува апсење. Тој претходно ја објави листата на 42 новинари за кои денес има налог за приведување и тој список се испостави дека е точен.

^278C36E75CF44E8A8CBAD5CC5E3BEF431110A14B32070A411F^pimgpsh_fullsize_distr

Според полицијата новинарите се приведуваат во врска со истрагата за муслиманскиот свештеник Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД и кого Анкара го обвинува дека стои зад воениот удар на 15 и 16 јули, во кој загинаа 246 луѓе.

Новинарите работат во веснкот Заман кој се поврзува со Ѓулен, кој беше преземен од турските власти во март годинава, како дел од акцијата за справување со неговите поддржувачи.

Од овие 42 новинари петмина беа уапсени а 11 ја напуштија земјата. Полицијата трага во Бодрум по Назли Иличак, позната новинарка која во 2013 година беше отпуштена од дневникот Сабах поради тоа што ги критикувала министрите вмешани во корупциски скандал.

Во едно интервју Ердоган изјави дека медиумите кои го поддржаа воениот удар ќе ја платат цената. На 19 јули регулаторното медиумско тело во Турција им одзеде лиценци за работа на повеќе телевизии и радија кои се сомничат за соработка со Фетула Ѓулен.

Ѓулен кој е некогашен пријател на претседателот Реџеп Таип Ердоган, и кој подоцна му се спротивстави го осуди воениот удар и демантираше каква било поврзаност со него.

Од неуспешниот бунт, турските власти досега суспендираа, приведоа или ставија под истрага над 60.000 војници, полицајци, судии, наставници, административци и други граѓани.

новинари пуч Турција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.