Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЛШ: Борусија Д. меѓу 16 најдобри, Реал М. се избламира во Полска

0
By Нова ТВ on November 3, 2016 СПОРТ
Фото: uefa.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 3, 2016 00:44

Борусија Дортмунд е петтата екипа што обезбеди осминафиналето во Лигата на шампиони. „Милионерите“ во четвртото коло го совладаа Спортинг Лисабон и се најавија во ждрепката за нокаут фазата на 12 декември во Нион. Стрелец на единствениот гол водуелот со Португалците беше Адријан Рамос во 12 минута.

Реал Мадрид се спасуваше од комплетна бламажа во Варшава во дуелот со Легија. „Кралевите“ одиграа 3:3, а да останат непоразени се погрижи Матео Ковачиќ во 85 минута. Составот на Зидан имаше комотни 0:2 и дозволи на Полјаците да се вратат во игра, па дури и за сензационален триумф.

Бејл со волеј постигна гол уште во воведните 60 секунди, Бензема зголеми во 35 минута по што наместо рутинско приведување на средбата кон крај, следуваше шокантен пресврт. Офое до одморот намали на 1:2, Радовиќ во 58 минута израмни на 2:2, а Мулин во 83 целосно го сврте резултатот во корист на домашните. Нивната радост, сепак, траеше кратко. Ја наруши хрватскиот репрезентативец со погодокот по асистенција на Карвахал.

falkao

Монако ја совлада ЦСКА Москва со 3:0 и се потврди како лидер во групата Е. Натпреварот на „Луј Втори“ беше решен во првиот дел во кој беа постигнати  и сите три гола. Еднаш погоди Жермен и двапати Фалкао, кој стигна до бројката од 42 гола во 46 настапи во натпреварувањата на УЕФА за втора победа на тимот од кнежевството во ЛШ.

Баер Леверкузен го замолкна „Вембли“. Бундеслигашот славеше над Тотенхем со 1:0 соголот на Кеввин Кампл и ги потисна „спарси“ на третото место во групата.

Најнеефикасно беше во групата Г во која двата меча донесоа само еден гол. Го видоа на „Драгао“ каде Порто го совлада Бриж со 1:0. Мрежите мируваа во Данска меѓу Копенхаген и Лестер.

Победник немаше ниту во Торино во дербито на групата Х. Јувентус и Олимпик Лион одиграа 1:1. Италијанскиот првак поведе со гол од пенал на Игуаин, израмни Толисо и спречи задоволство на Буфон да остане несовладан во 100 настап во Лигата на шампиони. Севилја во истата конкуренција го декласира Динамо Загреб со 4:0. „Модрите“ беа во негатива од еден гол по првите 45 минути во кои останаа и без исклучениот Стојанович. Тоа го искористија домашните и со уште три гола во продолжението забележаа убедлива победа за преземање на лидерската позиција на табелата од „старата дама“.

Група Е

Монако – ЦСКА Москва 3:0

Тотенхем – Баер Леверкузен 0:1

Табела: Монако 8, Баер Леверузен 6, Тотенхем 4, ЦСКА Москва 2.

Група Ф

Легија Варшава – Реал Мадрид 3:3

Борусија Дортмунд – Спортинг Лисабон 1:0

Табела: Борусија Дортмунд 10, Реал Мадрид 8, Спортинг Лисабон 3, Легија Варшава 1.

Група Г

Копехнаген  – Лестер 0:0

Порто – Бриж 1:0

Табела: Лестер 10, Порто 7, Копенхаген 5, Бриж 0.

Група Х

Севилја – Динамо Загреб 4:0

Јувентус – Олимпик Лион 1:1

Табела: Севилја 10, Јувентус 8, Олимпик Лион 4, Динамо Загреб 0.

Борусија Дортмунд Лига на шампиони Реал Мадрид Севилја УЕФА фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.