НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фудбал, ПМФЛ: Пелистер со три бода на „Телеком арена“

0
By Нова ТВ on November 5, 2016 СПОРТ
Фото: fcrabotnicki.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пелистер го совлада Работнички 1:0 во дербито на колото на „Телеком арена“. Лукас Кардосо во 87 минута се впиша во листата на стрелци за шеста победа на битолчани во сезоната што ги искачи на третото место на табелата. Тимот од Дебар маало промаши пенал во првото полувреме. По стартот на Мишевски врз Силјановски, главниот судија Димитар Мечкаровски покажа на белата точка, но најстрогата казна во гол не успеа да ја претвори Бојан Најденов. Во вториот дел домашните се заканија и преку Елмас и Суад Сахити чии промашувања во финишот ги казни Бразилецот во дресот на „зелените“.

Вардар и Шкендија ги делат седум бода и по мечевите од 13. коло во домашниот фудбалски шампионат. И лидерот и првиот по него на табелата освоија три бода на противнички терен попладнево. За прволигашкиот викенд да мине во знак на гостинските екипи е погрижија и Пелистер и делумно Силекс. Честа на домашните ја одбрани само Ренова.

Бранителот на титулата Вардар ја совлада Брегалница во Кочани со 1:0. Единствениот погодок го постигна Новак во 64 минута. Вицешампионот, пак, со 2:1 ја порази Победа во Битола. Жуниор во 4 минута и Бесарт Ибраими во 48 минута погодија за тетовските „црвено-црни“, почесниот за прилепчани беше дело на Шаркоски во 40 минута. Наумоски и Цуцули беа исклучени во судиското продолжение.

Еден гол за три бода им беше доволен и на фудбалерите на Ренова во дуелот со Шкупи. Трите бода на контото на „гипсарите“ ги додаде Рамадани во 81 минута.

По бод поделија Македонија и Силекс во Ѓорче Петров. Костовски во 55 минута реализира за водство на домашните што го анулира Пановски во 78.

Следува пауза во домашниот шампионат поради настапот на репрезентацијата на Македонија против Шпанија во квалификацииите за СП 2018, средбите од 14 коло се закажани на 16 ноември.

Прва лига, 13. коло

Резултати

Брегалница – Вардар 0:1

Работнички – Пелистер 0:1

Македонија Ѓ.П. – Силекс 1:1

Ренова – Шкупи 1:0

Победа – Шкендија 1:2

Табела: Вардар 31, Шкендија 24, Пелистер 22, Работнички 20, Ренова 19, Силекс 15, Шкупи 14, Победа 10, Македонија Ѓ.П. 10, Брегалница 8.

Идно коло: Вардар – Македонија Ѓ.П., Шкендија – Брегалница, Пелистер – Ренова, Силекс – Работнички, Шкупи – Победа.

Вардар Пелистер Прва лига фудбал Шкендија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.