Новак Ѓоковиќ ја забележа и втората победа во „О2 арена“ и се зацврсти на првото место во групата Б на завршниот Мастерс во Лондон. Српскиот тенисер, во меч што заврши пред малку, триумфира против Милош Раониќ со 7:6 (8:6), 7:6 (7:5).
Мечот изобилуваше со многу неизнудени грешки на двете страни, помалку некарактеристично за пресметка од оваа категорија. И Ѓоковиќ и Раониќ направија по 20 што беа една од причините за решавање на првиот и на вториот сет во тај-брејк. Канаѓанецот со црногорско потекло запиша 14 аса, вториот светски рекет само двапати сервираше неодбранливо.
Доминик Тим во првиот меч од денешната програма беше подобар од Гаел Монфис со 2:1 (6:3, 1:6, 6:4) за прва победа во Лондон и задржување на шансите за прогрес во полуфинале. Австриецот во последното коло од групната фаза, во четврток, ќе игра против Раониќ, Ѓоковиќ, пак, за противник ќе го има Монфис.
Утре ќе се комплетира второто коло и во групата А со дуелите Мареј – Нишикори (15 ч.) и Вавринка – Чилиќ (21 ч.).