НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Општина Центар бара Финансии да им вратат 25 милиони денари

0
By Нова ТВ on November 16, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството за финансии ни должи 25 милиони денари и го одолговлекува враќањето, обвинија денеска од Општината Центар.

Од таму велат дека веќе неколку пати формално ги бара парите кои министерството треба да им ги врати, одговор се уште нема.

„Во судскиот спор помеѓу Министерството за транспорт и врски и општина Центар од 2013 година, судот првично пресудил во корист на министерството, по што на општината и се повлечени 25 милиони денари од сметката. По жалбата на општината и направената ревизија, Врховниот Суд го враќа предметот  во Основниот Суд, кој при новото разгледување досудува одлука во корист на Општината. Министерството за транспорт ја прифаќа одлуката на судот и со големо оддолжување, сепак, доставува налог до Министерството за финансии да се вратат средствата кои и биле одземени на општина Центар. Оттогаш е поминат подолг период, но министерството за финансии не ја извршува трансакцијата. Ова не е прв пат министерствата да ја опструираат работата на Општината Центар“, пишува во соопштението од општината.

Од таму го повикуваат министерот Кирил Миновски итно да ја реализира трансакцијата.

На ова од министерството велат дека општината до Министерството за финансии поднела барање и банкарска сметка за извршување на поврат на 25 милиони денари. Од министерството додаваат дека за да се исплатат парите министерството треба да донесе решение за поврат, кое е во тек.

„Очигледна е тенденцијата на Општината Центар да го злоупотребува министерството за финансии за политичка пропаганда“, реагираат од министерството.

Од кабинетот на Миновски апелираат Општина Центар да не го злоупотребува Министерството за финансии за политички маркетинг.

долг Министерство за финансии одлука Општина Центар пари тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.