Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОЈО-организиран криминал ја отфрли кривичната пријава против Панчевски

0
By Нова ТВ on November 25, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 25, 2016 13:12

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја отфрли кривичната пријава против претседателот на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски која против претседателот на судот ја поднесе неговиот колега, судијата Иван Џолев.

„Постапувајќи по поднесената кривична пријава против Претседател на Основен суд со која се товари дека сторил кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание по чл. 359 ст.3 в.в со ст.2 од Кривичниот законик, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш оформи предмет и во текот на постапката прибави докази поврзани со утврдување на фактите и околностите наведени во пријавата. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по сеопфатно проучување на сите прибрани докази утврди дека пријавеното дело не е кривично дело за кое се гони по службена должност, по што пријавата ја отфрли. Со цел да се проверат наводите во кривичната пријава, покрај материјалните докази – списи по истражниот предмет и доставеното писмено Укажување, во својство на осомничен беше испитан и Претседателот на Основниот суд. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испрати три покани до подносителот на кривичната пријава за и тој да даде исказ. Подносителот на пријавата во својство на оштетен не се јави на поканите и не е испитан“, пишува во соопштението на обвинителството.

Во соопштението се вели дека според доказите, дејствието не претставувало реално или претпоставено влијание за постапување на истражниот судија, бидејќи истото во себе не содржело наредба. Како што пишува во соопштението, даденото укажување давало насока како поефикасно и побрзо да се заврши истражен предмет согласно законот, кој многу години не бил завршен.

„Со укажувањето се бара од истражниот судија, да го извести претседателот на судот за преземените активности поврзани со решавање на конкретниот предмет. Согласно законот, претседателот на судот се грижи за ажурно работење на судот, па неговите насоки биле со таа цел. При извршеното испитување, пријавениот на записник поднесе кривична пријава против подносителот на кривична пријава за сторено кривично дело – Лажно пријавување на кривично дело по чл.366 од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ја препрати оваа кривична пријава за понатамошно постапување до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.“, пишува во соопштението на обвинителството.

Кривичната пријава против Панчевски, Џолев ја поднесе на втори овој месец, а рече дека пријавата е поради кривично дело поврзано со влијание врз судија за да преземе одделни незаконити дејствија.

Владимир Панчевски влијание Иван Џолев Кривична пријава ОЈО судија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 12, 2026

Охрид: Со гала-концертот „Љубов“ вечерва се отвора 66-тото издание на Охридско лето

ВЕСТИ July 12, 2026

Со гала-концертот „Љубов“, на кој ќе настапат светски познатата албанска сопранистка Ермонела Јахо и американскиот…

Иран го затвори Ормутскиот премин, САД возвратија со нов бран напади врз над 140 воени цели

July 12, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

July 8, 2026

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.