НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тврдина 2: Продолжува судењето на Грујoвски и вработени во УБК

0
By Нова ТВ on January 17, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска во Основниот суд 1 Скопје треба да продолжи судскиот процес за случајот на СЈО наречен „Тврдина 2“, во кој поранешниот началник на петтата управа во УБК Горан Грујoвски и уште шестмина други вработени во оваа Управа се обвинети дека уништиле службени документи на тајната полиција за набавка на опремата за следење на комуникациите.

Судот на претходното рочиште побара од СЈО да обезбеди дозвола од УБК за да ги користи доказите кои биле доверливи и за добивање потврда кои од податоците можат да бидат јавни, а кои остануваат доверливи.

За доказите за кои УБК одговорило дека се доверливи, јавноста ќе биде исклучена од следењето на процесот.

Ова беше прво обвинение на СЈО по кое дојде до судење, а го застапуваат обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов.

Првообвинетиот, поранешниот началник на петтата управа Горан Грујевски, СЈО го товари за фалсификување службена исправа, односно за уништување на документацијата поврзана со двата системи од нелегалното прислушување. Овие системи, како што претходно информираше СЈО во случајот „Тврдина“, биле уништени во текот на 2015 година.

Вработените во УБК се обвинети дека уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат на системите за следење на комуникациите.

Иако обвинението беше поднесено на 15 септември, судскиот процес беше закажан дури на 4 ноември бидејќи СЈО бараше изземање на судијката Лидија Петровска, кај која беше распределен предметот. Барањето беше одбиено, а одлуката ја потврди и Апелацискиот суд.

СЈО побара изземање бидејќи судијката Петровска беше спомената во една од „бомбите“ на опозицијата.

Овој случај нема официјално име како другите случаи на СЈО, но во јавноста е познат како Тврдина 2. Во процесот, обвинителитена СЈО, ќе треба да докажат дека седуммина осомничени од Управата за безбедност и контраразузнавање незаконски уништиле документи поврзани со опремата за прислушување. Се за „Тврдина 2“ во видеото на Александра Денковска Гоцевска.

Грујевски СЈО судење Тврдина 2 УБК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.