Еврокомесарот Јоханес Хан по министерскиот состанок, денеска порача дека сите партии имаат одговорност, а колку порано се формира влада, толку подобро.
– Тука сум за да ги ислушам политичарите. Претходно немав состаноци на оваа тема. Нема да им давам никакви совети на ниту една партија за тоа како да продолжат понатаму. Но сите треба да знаат дека имаат одговорност за одлуките што ќе ги донесат. Колку порано се формира владата, толку подобро. Земјата има постигнато многу, ако се земе каде бевме пред две години. Го имавме Пржино, два пропадните обиди за избори и конечно избори. Но изборите не се крај на овој процес, влада мора да се формира што поскоро. Уште еднаш да повторам ние нема да им даваме никакви совети на политичките партии, порача Хан.
Тој има предвидено во текот на денот со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Беса и останатите парламентарни партии.