НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши средбата на дипломатите во ВМРО-ДПМНЕ, следува средба во СДСМ

1
By Нова ТВ on February 23, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот Чарлс Гарет и британскиот министер за Европа и Америка, Алан Данкан од штабот на ВМРО-ДПМНЕ заминаа во партиското седиште на СДСМ.

По средбата, која траеше еден час, двајцата дипломати не сакаа да дадат изјава, ниту да коментираат нешто за состанокот со образложение дека ќе задоцнат на следниот состанок.

Засега нема информација со кого од партијата на Никола Груевски се сретнале дипломатите, ниту пак за што се разговарало на средбата.

Посетата на дипломатите доаѓа откако ДУИ објави дека се надминатите разликите околу употребата на албанскиот јазик и од утре ќе почне да се договара програма за новата влада со СДСМ, а лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска најави дека владата ќе се формира на почетокот на март. По средбата во ВМРО-ДПМНЕ, дипломатите ќе одат на средба во партиското седиште на СДСМ.

Вчера претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски изјави дека СДСМ и ДУИ се обидуваат да направат „дефакторизација“ не само на Македонците, туку и на Турците, Србите, Власите, Ромите и на другите националности и дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стојат цврсто на „браникот и одбраната на државата и националните интереси“.

„Таа „дефакторизација“ нема да ја дозволиме. Она што, исто така, го гледаме е дека СДСМ се обидува на некој начин да се натпреварува сам со себе колку повеќе ќе им даде на албанските партии и се поставува прашањето до кога така. До кога со тоа давање, дали до моментот до кога нема да остане ништо во државата за давање и ќе се загуби сето она што е стекнато со многу труд, со многу крв и сo многу напор“, изјави Груевски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека тоа што сега од СДСМ тврдат дека Уставот нема да се менува е само заради фактот што, како што рече, знаат дека тој без ВМРО-ДПМНЕ не може да се менува.

„И тука ќе останеме цврсто на бедемот на одбраната на државните и на националните интереси во која било форма и во која било ситуација – рече Груевски

Влада ВМРО-ДПМНЕ дипломати мандат потписи СДСМ Собрание средба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.