Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

АНАЛИЗА Ќе ја смири ли Заев бурата вечерва кај коалициските партнери по договорот со Гаши ?

0
By НОВА ТВ Balaban on December 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 6, 2021 15:32
Премиерот во заминување Зоран Заев  успеа да го стабилизира владејачкото мнозинство со 64 пратеници, но новиот состав на владата во кој Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри и други високи позиции покрена лавина спротивставени реакции не само во политичката јавност, туку и кај коалициските партнери кои допрва, како што најавуваат, ќе бараат отчет за договореното со лидерот Африм Гаши. Наспроти поддршката што ја добива договорот Заев – Гаши во контекст на престојните клучни чекори во евроинтеграциските процеси на земјава, се засилуваат и реакциите и критицизмот дека Алтернатива доби прескап подарок кој нема да гарантира политичка стабилност на долг рок. Некои дури и се сомневаат дека вчера потпишаната програма за заедничко дејствување и приклучување на Алтернатива во Владата може да предизвика и „бунт“ кај помалите партии.
Најмногу реакции покрена барањето на Алтернатива за меѓународна истрага за судските пресуди каде што има сомневања за „политичка импликација“, како што се „Диво Насеље“, „Монструм“, како и случајот со Алмир Алиу.
Павле Трајанов, лидерот на Демократски сојуз (ДС) во изјава за НоваТВ вели дека неопходно е во наредниот период премиерот Заев, но и Гаши пред коалициските парнери да ги образложат програмските цели и приоритети на новата влада, а дури потоа да добијат поддршка, откако партијата ќе ги проанализира деталите на партиските тела.Тој вели дека ДС нема да даде бланко поддршка се додека не ги добијат одговорите на сите отворени прашања.
– Прво треба да го проанализираме програмскиот дел од договорот кој има неколку спорни моменти, посебно во делот на меѓународна истрага за судските пресуди што секако не може да биде програмска определба на политичка партијата, настрана што споменатите судски предмети за кои бара Алтернатива меѓународна истрага беа веќе вратени на повторно одлучување. За нас е многу важно и како ќе  се одвиваат преговорите со Бугарија, но битно е и прашањето каков ќе биде меѓуетничкиот баланс со новиот состав на Владата , дали ќе   придонесе за релаксирање на меѓуетничката состојба во земјава – вели Трајанов.

Тој истакнува дека е многу важно и прашањето кој ќе биде иден лидер на социјалдемократите и мандатар за да се видат неговите програмски определби и приоритети. Тој потсетува дека приоритет на ДС се измените на изборното законодавство.
– Реформата на изборното законодавство е наш приоритет, не може и во иднина монопол да држат четири политички партии – вели Трајанов, кој впрочем е и еден од политичарите кои се противат и на финасирањето на политичките партии од страна на државата.

Претходно, на договорот на Заев со новиот коалициски парнер реагираше и Горан Милевски, лидерот на ЛДП. Тој побара Заев да ги извести коалициските партии, како што рече, во каква нова влада влегуваат и дали тоа за ЛДП ќе биде прифатливо или не.

Фото: tetovasot.com

– Немаше потреба да се прават овие театри еден месец и да се фокусира јавноста бидејќи државата има еден силен предизвик во декември, а тоа е почеток на преговори и целата енерија на политички чинители треба да се насочи кон решавање на овој проблем којшто ќе значи подобар животен стандард на граѓаните наместо да се занимаваме со личните позиции и кадровските решенија коишто очигледно се договорени – рече Милевски.

Факт е дека помалите партии од коалицијата предводена од СДСМ, веќе ги ставија на вага четирите пратеници на Алтернатива и добивката во власта, и она што тие го имаат согласно нивниот број на пратеници.

Токму оваа математика и ја бранува јавноста дека премиерот во оставка за само четворица пратеници на Алтернатива и подари три министерски, три заменик-министерски места и уште многу други високи функции и тоа на партија која поддршката од гласачкото тело најмногу ја добиваше поради своето антивладино делување и критицизам. Илија Димовски, поранешен пратеник смета дека влезот на Алтернатива во Владата е легален од аспект на правото на секоја партија да одлучува за своето дејствување, но дека е дискутабилна досегашната позиција на партијата која ревносно застапуваше опозициски ставови.
– Политичкиот легитимитет  оваа партија во последните неколку изборни циклуси го добиваше исклучиво врз база на опозициски и антивладини позиции. Дозволено е да претпоставуваме дека гласачите кои давале поддршка на Алтернатива тоа го правеле со цел да се смени актуелната власт, а не да и се продолжи векот на траење. Агендата зад која застана Алтернатива е нелогична. Од една страна велат дека не веруваат во македонските институции и бараат меѓународно вклучување за судски процеси, а од друга страна велат дека Македонија треба да добие датум за преговори. Тоа едното со другото не оди, тоа е контрадикторно – вели Димовски.

Тој потсетува и на црвените линии за проблемот со Бугарија, односно како што вели, прифатливите македонски позиции кои се веќе утврдени со Резолуција на македонското Собрание и таа е консезуален документ.

– Ако власта нема намера да ја прекрши Резолуцијата, тогаш нема разлика помеѓу партиите за нашата европска перспектива. Алтернатива одлучи да тргува со своите политички принципи, а да добие функции за своето раководството. Тоа ќе се одрази на општата перцепција на граѓаните спрема политиката, но посебно врз довербата спрема Алтернатива. Оваа Влада нема да трае долго, не заради бројките во Собранието, туку за веќе докажаниот дефицит на капацитет, вели Димовски.

Во Собранието ќе тераат инает, но до кога?

Аналитичарот Зоран Иванов за Нова ТВ анализира и каков период ни претстои на собраниската сцена, откако власта се засили со уште четворица пратеници. Тој смета дека ќе се соочуваме со нефункционални институции и со меѓупартиски натегања кои, како што вели, ќе видиме колку и со колков „инаетчиски интензитет ќе тераат, но секако не до редовните парламентарни избори.“

– Периодов земјава мина низ тежок политички процес. Избегнато е рекомпонирање на собраниското мнозинство кое неминовно ќе водеше кон брзи предвремени парламентарни избори зашто и тоа мнозинство,  исто како и доскорешното, ќе беше на стаклени нозе. Реперкусијата ќе беше нефункционален парламент. Но и ова сега со само два, три пратеници повеќе од претходното мнозинство,  ниту од далеку не гарантира функционално Собрание. Посебно по локалните осоколената опозиција уште позасилено ќе продолжи со блокади на собраниските процеси со цел да испровоцира брзи избори сметајќи успех по инерција по големиот успех на локалните. Значи, како и да завртиш, институционалната собраниска криза ќе продолжи и во такви околности прашање е колку и новиот владин состав ќе може да испорачува ефектни решенија посебно во услови на растечка енергетска, а со неа и севкупна економска и социјална криза – вели Иванов.

Foto: Plusinfo.mk

Иванов ги коментира и реакциите на коалициските партнери на Заев.

– Патем, за мене се неразбирливи реакциите на помалите коалициски партии на СДСМ, па и на дел од јавноста. Простете но малку на шовинизам ми делува пребројувањето на министрите по етничка линија, а од друга страна, да не се формираше новото парламентарно мнзинство, прашање е каде и како партнерите на носечката партија ќе го продолжеа својот политички живот. Мислам дека некои од нив сега малку глумат за да му придадат важност на фактот дека и тие се глас во Собранието.
 Ќе помине ли „големиот пазар“ со Алтернатива кај помалите партии? 

Никола Спасов, сопственик на агенцијата Рејтинг (Агенција за јавно мислење и комуникациски стратегии) во однос на влегувањето на Алтернатива во Владата во контекст на политичката стабилност и македонските евроинтеграции очекува, сепак на крајот, ако се постигне договор со Бугарија, да се оправда и високата цена на политичкиот договор со новиот коалициски партнер.   

– Окрупнувањето на владиното мнозинство секако е добра вест во актуелниот политички контекст. Примарна задача на вака условно стабилизираната Влада е во следниот период да се посвети на конечно решавање на спорот со Бугарија. Добро е конечно да го затвориме ова би рекол многу тешко поглавје од политичката историја. Доколку се постигне договор со Бугарија и се обезбеди прва меѓувладина седница, целиот ризик кој го презема Заев со внесувања на Алтернатива во Владата по прилично висока цена ќе се исплати и самата одлука ќе биде оправдана. Во спротивно, прашање е колку и ваквото мнозинство ќе биде стабилно бидејќи истото е формирано токму заради реализација на оваа агенда – Македонија во ЕУ – вели Спасов.

Тој очекув дека набрзо ќе има влада и во Бугарија и со тоа веќе на почетокот на следната година ќе имаме појасна слика во која насока се одвиваат преговорите и дали конечно позитивните пораки кои се испраќаат од двете страни ќе резултираат со договор.

Но  дали договорот Заев – Гаши може да предизвика дополнителни политички турбуленции кај коалициските партнери кои најмногу реагираат на делот од договорот кој се однесува на ревидирање на судските предмети, односно на барањето за меѓународна истрага?

– Секако дека може, секоја промена на политичка сцена од овој тип предизвикува промена на позициите на политичките партии, но и отвора нови прашња во случајов ова со ревидирањето на судските одлуки. Покрај тоа, промената на министри и директори во министерствата и други институции, само по себе значи и нова политика и работа на тие институции, што исто е значајна промена во политиката. За мене сепак клучното прашање е како по овој „добар пазар“ на Алтернатива ќе реагираат другите помали коалициски партнери во владата кои може дополнително да уценуваат и бараат отстапки. Искрено се надевам дека тоа нема да се случи – вели Спасов.

Јасно е дека оваа Влада има за носење историски одлуки пред себе и најмалку е важно дали дополнитлено ќе се добие некој позиција, смета тој.

– Доколку се реши спорот со Бугарија, брзо потоа очекувам да се ефектуира оставката на Заев па ќе имаме и целосно нова Влада. Потоа, секоја партија може одново да преговара за подобри позции. Малите партии во интерес на стабилноста би требало да се воздржат во следните месеци од нови политички дестабилизации за да видиме дали реално имаме шанса конечно да отпочнеме преговори со ЕУ – изјави Спасов за НоваТВ.
Политичкиот вител во кој влезе земјава по оставката на Заев кој партиската функција ќе ја напушти со конгресот на партијата на 12 декември, полека се смирува, но сепак предизвикот кој може да донесе нова бура останува, поради неизвесноста што демне над решението со Бугарија, а со тоа и на почетокот на преговорите со Европската унија.
Стојанка Митреска 
Алтернатива анализа Гаши Договор Заев реакции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.