Author: Ана Василевска

Од Министерството за здравство информираат дека до 9 октомври  се вакцинирани 795.186 граѓани, ревакцинирани се 748.563, а трета доза примиле 782 граѓани. Вчера и во петокот аплицирани се вкупно 4.418 дози вакцини, од кои 1.132 се аплицирани како прва доза, 3.129 се ревакцинирани, а 157 граѓани примиле трета доза вакцина. Според здравствените власти, 53 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. „Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47 отсто , а со две дози опфатени се 45 отсто…

Read More

На 5. издание на Меѓународниот филмски фестивал „Анадолија“ што се одржа онлине во септември во Истанбул, Турција, филмот „Исчезнатиот“ снимен по сценарио и во режија на Арбен Тачи ја освои наградата за најдобра фотографија. Директорот на фотографија е Владимир Самоиловски и ова e прва меѓународна награда што ја доби филмот, кој по премиерата во јуни и по два специјални настапи на „Прифилм фест“ во Приштина и ТИФФ „Ода“ во Тетово, се натпреваруваше во официјалната програма – категорија албански филмови на Меѓународниот филмски фестивал во Тирана, Албанија. Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и малцинско учество…

Read More

Возобновен фестивалот „Златно Славејче“, поголема финансиска поддршка за „Скопски Џез фестивал“ се само дел од решенијата во програмата за култура на независната кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска на денешната прес конференција. „На Скопје му е потребна нова енергија, потребни му се културни случувања. Скопје ќе биде град на фестивалите. Планираме одржување на најмалку 12 фестивали, за секој месец во годината по еден фестивал. „Златно славејче“ кое е симбол на Скопје ќе се возобнови. Градот ќе ја продолжи и ќе ја зголеми поддршката на „Скопје Џез Фестивал“. Само на тој начин ќе се гарантира популаризација, одржување и подем…

Read More

Италија ја постигна целта за целосно вакцинирање на 80 проценти од населението над 12 години против коронавирус, што е целта што Рим ја постави како безбедносна маргина, покажаа денешните владини податоци. Според владината веб -страница, 43.229.551 лица постари од 12 години, од вкупно 60 милиони жители, го завршиле својот циклус на вакцинација на 10 -ти октомври. Целта од 80 проценти беше поставена во март од специјалниот комесар за епидемија на коронавирус, генерал Франческо Паоло Фиглиуоло, која беше постигната на 9 октомври. „Трендот што го следиме со недели го потврдува тоа – дека ризикот од хоспитализација е драстично намален“, велат од…

Read More

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Куманово на прес конференција на прашање од новинар колку е вистинскиот долг на Општина Куманово и колку е вратен тој долг, одговори дека долгот на Општина Куманово е 700.000 евра, заедно со камати и извршни решенија е 4 милиони и да не се манипулираат граѓаните. Одговорот на Илиевски ви го пренесуваме интегрално во продолжение: „ Во нашата држава постојат позитивни законски регулативи како и сметководствена евиденција. Постои записник за побарувања и обрски на општината. Во 2018 година тој долг се зборуваше дека е 17 милиони евра, во 2019 дека е 12 милиони…

Read More

Фудбалерот на Англија, Хари Кејн, искажа поддршка за назначување жена за главен судија на англиската репрезентација синоќа на гостувањето во Андора. Англија победи со 5:0 во квалификациски меч за Светското првенство 2022. – Ова е првпат жена да и суди на Англија и ова треба да биде прво од многуте. Историјата се оствари и ние сме чекор поблиску до Светското првенство, напиша Кејн на Твитер. Правдата на овој меч ја делеше Украинката Катерина Монзул. Асистенти беа нејзините сонароднички, Марина Стрилетскаја и Светлана Грушко.

Read More

Контроверзниот пакистански нуклеарен физичар Абдул Кадир Кан, заслужен за нуклеарниот арсенал на Пакистан и човек кој призна дека е дел од синџирот за ширење нуклеарно оружје, почина денеска на 85-годишна возраст. Кан бил примен во пакистанска болница на 26 август по позитивен тест за Ковид-19, и подоцна бил префрлен во воената болница во Равалпинди. Кан беше во центарот на глобалниот скандал околу ширењето на нуклеарната технологија во 2004 година, што вклучува продажба на нуклеарни тајни на Северна Кореја, Иран и Либија. Откако јавно ја призна својата вина на националната телевизија, Кан беше помилуван од тогашниот претседател на Пакистан, Первез Мушараф,…

Read More

Министерот за финансии Фатмир Бесими ќе учествува на годишните средби на ММФ и Светска банка, кои поради пандемијата и овојпат се организираат онлајн. На состаноците, кои ќе се одржуваат во текот на наредната недела, министерот ќе ги истакне клучните реформи и активности коишто се поврзани со процесот на зајакнување на фискалната консолидација, планот за финансирање на економско заздравување и забрзување на растот, фискална децентрализација, како и соработката и поддршката што ја имаме со овие значајни меѓународни финансиски институции, информираат од кабинетот на Бесими. „Планот за фискална одржливост и поддршка на економскиот раст е насочен кон подобрување на наплатата на буџетските…

Read More

Британскиот боксер Тајсон Фјури ноќеска во Лас Вегас го победи Американецот Деонтеј Вајлдер со нокаут. Борбата за титулата во тешка категорија верзија „ВБЦ“ заврши во 11. рунда. Британскиот боксер по втор пат го совлада Вајлдер и ја одбрани титулата. Триесет и тригодишниот Фјури, досега има 31 победа и само еден нерешен меч. Од друга страна, 35-годишниот Вајлдер го претрпе вториот пораз, има 42 победи и еден нерешен дуел.

Read More

Република Северна Македонија денеска и утре го чествува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание и одбележува 80 години од овој настан со кој во 1941 година беше означен почетокот на народно-ослободителната војна и заокружувањето на раѓањето на македонската држава. Програмските содржини од централната манифестација, во организација на Владата на Република Северна Македонија и Општина Прилеп започнуваат денеска со свечен почеток на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во градот херој Прилеп во 18:00 часот. На овој дел од програмата по повод 8 децении од Денот на народното востание свои обраќања ќе имаат претседателот на Владата Зоран Заев, претседателот на…

Read More

Времето облачно, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и поинтензивни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени. Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени…

Read More

Папата Франциско ги повика членовите на парламентите ширум светот да ја надминат тесната рамка на политиката на партијата, со цел брзо да се постигне договор за борба против климатските промени. Папата им се обрати на парламентарците кои беа во Рим на подготвителната средба пред годишната конференција на ОН за климата, што почнува во Глазгов, Шкотска, на 31 октомври. Папата се повика на заеднички апел што тој и другите верски водачи го потпишаа оваа недела, повикувајќи ги владите да се посветат на амбициозните цели на конференцијата на ОН, која експертите ја гледаат како клучна можност за справување со заканата од глобалното…

Read More