Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Заеднички контроли беа воспоставени денеска на граничниот премин Ќафасан – Ќафтане, со цел олеснување на трговијата и транспортот, како и за подобрување на прекуграничната соработка меѓу Македонија и Албанија. Соединетите држави преку УСАИД донираа мобилни скенери, дензитометри и камери за да се подобрат царинските услови на границата. Донацијата во вредност од 100.000 евра ја промовираа амбасадорките на САД во Северна Македонија и во Албанија Кејт Мари Брнз и Јури Ким, претставникот на царинската администрација на земјава, Илија Јаноски и директорот на албанската царина Генти Гажели. „Овој граничен премин е важен пример, бидејќи е на Коридорот 8, стратешки правец што го…
Комитетот за итна помош за Ковид-19 при Светската здравствена организација (СЗО) ја предупреди меѓународната заедница дека најверојатно ќе се појават и ќе се шират нови, поопасни мутации на коронавирус низ светот. Тоа е соопштено на брифинг во Женева од генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, кој ги информираше новинарите за препораките на комитетот на неговото осмо заседание вчера и денеска. – Комитетот предупреди за голема веројатност од појава и глобално ширење на нови и евентуално поопасни мутации на Ковид-19, кои можат да бидат уште потешки за контролирање, истакна Гебрејесус.
Драстично зголемен бројот на нови случаи на Ковид-19, повторно над 2.700 ново заразени за 24 часа, потврден 281 случај на делта сојот, а шест региони под лупата на властите и на чекор пред воведување мерки, е актуелната епидемиолошка слика во Грција, согласно последните официјални податоци, јави дописничката на МИА од Атина. Според седмичниот извештај од Националната организација за јавно здравје на Грција, потврдени се вкупно 703 мутации на коронавурусот, од кои 320 се „алфа“, 281 „делта“, 100 се „бета“ и два „гама“, додека пак 174 позитивни случаи се следат. По овие податоци од изминатите седум дена, во Грција досега има…
Најмалку 43 лица загинаа во поплавите предизвикани од силните дождови кои го зафатија западниот дел на Германија, а 30 лица се водат како исчезнати во регионот Ајфел. Во тој регион, на границата со Белгија и Луксембург, шест куќи, во кои престојувале 30 лица, се срушија во текот на минатата ноќ. Многу потоци и реки се излеаја во сојузните покраини Рајнска област-Пфалц и Северна Рајна-Вестфалија, во кои за време на интервенцијата загинаа двајца полицајци. Градот Хаген е меѓу најтешко погодените. Жителите се повикани да ги напуштат своите домови и да се упатат кон повисоките делови на градот. Метеоролозите најавија поројни дождови…
Постарите со аргументи од животно искуство ги убедуваат помладите со искуства од социјалните мрежи дека вакцинацијата е неопходна Акцијата за теренска имунизација против коронавирусот донесе неочекувано добри резултати барем кога станува збор за селата во регионот на Преспа. И покрај дилемите околу ефикасноста на вакцината и нејзините ефекти сепак голем дел од локалното население се одлучи да ја искористи оваа можност. Добро е што дојдоа, кај да ја носам јас мајка на 80 години од тука до Ресен по овие жештини. Вака си завршивме работа- вели еден од жителите во селата. Само во три села, Брајчино, Љубојно и Долно Дупени…
Потребни се две дози на вакцина за заштита од Делта варијанта на коронавирусот, соопшти денеска Европската агенција за лекови (ЕМА). Европскиот регулатор исто така ги повика земјите-членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта Делта забрзано се шири низ целиот свет. „Според првичните податоци, потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата Делта“, се вели во соопштението на ЕМА. „Почитувањето на препорачаниот распоред за вакцинација е клучен за постигнување на највисоко ниво на заштита“, додава ЕМА, која препорачува употреба на две дози на Фајзер/Бионтек, Модерна или Астра Зенека.
Извозот во вториот квартал од 2021 е 763 милиони евра, што е за 140 проценти повеќе во споредба со истиот период во 2020 година, соопшти премиерот Зоран Заев преку објава на Фејсбук. Тој информира дека во ТИРЗ воедно е зголемен бројот на нови работни места, како и дека се очекува трендот да продолжи и во наредните месеци. – За 7,12 отсто е зголемен бројот на нови работни места во компаниите-инвеститори во ТИРЗ, во однос на 2020 година. Очекуваме ваквиот тренд да продолжи и во наредните месеци со оглед на интензивните преговори за нови инвестиции од постојни и нови странски и…
Пратеникот Кирил Пецаков официјално е кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ваквата информација ја објави членот на ИК на партијата, Антонио Милошоски, во дневникот на Сител телевизија, потенцирајќи дека ваквиот човек може да го врати сјајот на градот. – Наш фаворит за општина Охрид ќе биде актуелниот пратеник Кирил Пецаков, којшто бил и советник во општината Охрид, добро познат на граѓаните, си ја извршувал совесно својата должност, познат е и помеѓу лекарите како стоматолог, познат е и меѓу спортистите како ракометар и сметаме дека тој е човек кој може да го врати сјајот на Охрид кој…
Погодокот од половина терен што чешкиот напаѓач Патрик Шик го постигна на натпреварот против Шкотска е прогласен за најубав гол на ЕУРО2020, соопшти вечерва Европската фудбалска асоцијација (УЕФА). Голот на Шик доби речиси 800.000 гласови во изборот на официјалниот сајт на УЕФА на кој фудбалските навивачи одлучуваа меѓу десет голови номинирани од техничката комисија на УЕФА. Своето ремек-дело Шик го постигна со прецизен лоб-удар со левата нога од 45.4 метри што официјално е најголема оддалеченост од која е постигнат гол во историјата на Европските првенства.
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети оствари средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнс на која разговараа за неодамнешната извршна одлука на американскиот претседател Бајден, владеењето на правото, борбата против корупцијата, зелената агенда, евроинтеграциите и спорот со Бугарија. Ахмети истакна дека Демократската Унија за Интеграција целосно ги поддржува одлуките на претседателот Бајден, кои вклучуваат отворена борба против корупцијата, владеењето на правото и кредибилни демократски институции. Зелената агенда и инклузивноста и различноста се целосно во согласност со убедувањата на ДУИ. Ахмети го образложи еколошкиот приоритет на ДУИ преку спроведување на зелената агенда во целосна корелација со американските…
Пет академски години по ред – намалување на бројот на студенти во Македонија. Анализата на податоците што ја направи “Порталб“ покажува дека последен пат незначителен пораст на вкупниот број на студенти имало во академската 2014/2015 година , оттогаш има намалување, пишува. Но, статистиките укажуваат и на друг негативен тренд – се намалува бројот на дипломирани студенти, но и на дипломци со повисоки образовни титули. Ланската академска 2020/2021 ва година во земјава на сите високообразовни институции имало 50 881 студент што е за 1,7% помалку во однос на бројот на запишаните студенти во 2019/2020 та. Број на студенти % во однос на претходна…
Кривичен на 26 јули ќе пресуди дали има вина за обвинетите нарачатели за 27 април. Судечкиот совет од Скопскиот кривичен суд ќе ја објави пресудата за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски кои се теретат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Обвинителката Вилма Русковска побара осудителни пресуди бидејќи, како што рече, Обвинителството успеало да докаже дека изготвиле план да го загрозат уставниот поредок и со акти на насилство да оневозможат примопредавање на власта. Од друга страна, пак, одбраната тврди дека станува збор за случај во кој нема докази…